АВТОНОМНИ КАМИОНИ Vs. РАБОТНА ПОЗИЦИЈА ВОЗАЧ

NEWSletter

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА ВОЗАЧ

ДАЛИ АВТОНОМНИТЕ КАМИОНИ ЌЕ ЕЛИМИНИРААТ МИЛИОНИ РАБОТНИ ПОЗИЦИИ НА ВОЗАЧИ?

Новиот извештај на Меѓународниот Транспортен Форум (МТФ) и три партнерски групи, проценуваат дека автономните камиони може да ја намалат побарувачката за нови возачи во САД и Европа од 50-70% до 2030 година. До 4,4 милиони лица со работна позиција возач на камион би можеле да станат излишни, како што и е објавено во “Fleet Owner“.

 

Според извештајот, околу 6,4 милиони работни места за возачи на камион од САД и Европа ќе бидат отворени во 2030 година, само под услов ако автономните возила не станат реалност. Исто така, се проценува дека само 5,6 милиони возачи ќе бидат достапни за да ги пополнат тие работни места. Што значи дека овој тренд би можел да ги реши предизвиците за вработување за повеќе индустрии зависни од нивниот возен парк, со брзо намалување на побарувачката на возачи.

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА ВОЗАЧ-AUTONOMNI KAMIONI VS. VOZAČI-drive change

 

Овие промени нема да се случат преку ноќ. Се очекува истите да се случат поскоро за долги рути или за во приградски области со добри сообраќајни услови. Поради тоа, се очекува намалување на бројот на работни места, како резултат на автономните камиониИако секое решение за недостатокот на возачи може да биде добредојдено кај менаџерите на возен парк, порастот на автономните камиони може да создаде новите предизвици од страна на возачите.

 

СТАТИСТИКА

ШТО БИ МОЖЕЛО ДА ДОНЕСЕ ПРОМЕНИ ВО АКТИВНОСТИТЕ НА ЕДЕН ВОЗЕН ПАРК

Една годишна анкета спроведена, од светската адвокатска фирма Нортон Роуз Фулбрајт, меѓу 196 логистички провајдери, производители, финансиери и владини работници, меѓу другото, утврди дека 43% од испитаниците веруваат дека “big data” и предвидливата аналитикa ќе бидат најзначајниот двигател на промени во Транспортната индустрија во текот на следните пет години.

Во блиска иднина, сите ние можеме да очекуваме да го видиме целиот конектиран систем на возила како станува “паметен”. Со повеќе податоци генерирани со текот на годините, софтверските системи ќе бидат пософистицирани од било кога. Можеме да очекуваме од возилата да предвидат доколку некој дел има потенцијал да се расипе и да предложат поволни термини за интервенција на механичар, каде што новиот дел ќе биде веќе подготвена за инсталација. Сето ова ќе ги направи флотите поекономични и ќе обезбедат поголема продуктивност на работењето.

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА ВОЗАЧ-drive change-AUTONOMNI KAMIONI VS. VOZAČI

Според последната анкета спроведена од нив, “Патот напред”, 41% од испитаниците ја сметаат новата технологија како “оптимална инвестициска можност” за нивната индустрија. По што следува подобрување на инфраструктурата како друга “оптимална инвестициска можност”.

 

Сепак, транспортниот сектор сѐ повеќе се обидува да се “дигитализира” во следните пет години. Инвестициите во технологијата се во сѐ поголем пораст и се чини дека овој тренд ќе продолжи.

 

59% од испитаниците сметаат дека индустријата ќе се соочи со зголемена конкуренција. Но, со софтверите за управување со флота возила, преку “big data” и предвидлива аналитика на менаџерите на флотите им се дава можност да ги предвидат потенцијалните поправки и одржувањето и подобро да го разберат и да го прогнозираат однесувањето на нивните потрошувачи. Значи, ова им дава значителна конкурентска предност.

 

Од друга страна пак, се верува дека несоодветната инфраструктура претставува најголем предизвик за оперативната ефикасност на транспортната индустрија. Заедно со недостаток на соодветно квалификуван кадар, и двата предизвика опфаќаат 27% според испитаниците.

 

ТИПОВИ НА ВОЗИЛА

ВОЗЕН ПАРК НА ИДНИНАТА – ВОЗИЛА НА ПОГОН СО ПРИРОДЕН БАС VS. ЕЛЕКТРИЧНИ ИЛИ ХИБРИДНИ ВОЗИЛА

Возила на природен гас

Со природен гас се опслужуваат околу 15,2 милиони возила ширум светот. Возилата на природен гас се добар избор за флоти со голема километража, со централно точење. Резервоарите за компресиран природен гас и безбедноста се подобруваат, а во многу случаи,  компресиран природен гас може да обезбеди соодветен опсег за возилата. Најважната предност на природниот гас како гориво за транспорт е намалувањето на емисиите на издувни гасови во споредба со конвенционалните нафтени горива.

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА ВОЗАЧ-drive change-AUTONOMNI KAMIONI VS. VOZAČI

ХИБРИДНИ ВОЗИЛА

Од друга страна, за хибридните возила, Џон Мејес, виш директор за тешка опрема при “Waste Management”, изјави за порталот Waste Dive “Ќе прифатиме каква било технологија што може да не направи современи”. Тој рече дека на традиционалните товарни возила моторот согоруваат помеѓу 7.5 до 9 литри гориво дневно при работа за цела смена, додека прототип моделот на Волво LX1 користел само 4 до 5 литри дневно и неговиот мотор бил активен помалку од половина од тоа време. Ова се должи на фактот дека LX1 работи на 3,5-литарски мотор наспроти 13-литарски мотор во стандардни модели. Намаленото лизгање, исто така, ќе помогне во намалувањето на големиот трошок за купување нови гуми за одредени активности. Тој проценува дека намалувањето на трошоците за гуми од 5-10% може да доведе до  шест цифрена заштеда. “Значи, ако мораме да потрошиме малку повеќе за да ги задоволиме стандардите за емисија на гасови во Калифорнија – но со тоа можеме да добиеме и драматични заштеди на гориво, заштеди на трошоците за пневматици, потенцијал за заштеди на часови на работа – ќе одиме напред и ќе купиме хибрид ,” изјави  Мејес.

 

Додека многу компании ги распоредуваат своите ресурси за нови возила на природен гас, ова е само потсетник дека електричните или хибридните возила веројатно ќе играат поголема улога засоздавање на возен парк на иднината.

 

SOFTWARE

ОСНОВНИ ОПЦИИ НА СОФТВЕРОТ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ВОЗЕН ПАРК

EZtoTrack системот за GPS следење претставува напредно решение за менаџирање на флота возила. Истото располага со бројни опции кои им овозможуваат на корисниците да раководат со своите возила поефикасно и поекономично. Покрај многуте различни извештаи, аларми, прегледи и сл., системот ги опфаќа и двете основни функции како Следење во живо и Геолоцирање.

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА ВОЗАЧ-drive change-AUTONOMNI KAMIONI VS. VOZAČI
AKCIJU-акции-Black-friday-РАБОТНА ПОЗИЦИЈА ВОЗАЧ-drive change-AUTONOMNI KAMIONI VS. VOZAČI

Следење во живо

 

Компаниите кои не користат автоматизирано GPS следење повеќе се подложени на кражби, што може да влијае на нивното работење. Ова дополнително игра голема улога и во пресметката на нивните осигурителни полиси. Со следење на возилата, овој систем овозможува целосен преглед на локација на возилото и статус.

Аларми за дефинирани региони (Геолоцирање)

 

Компаниите можат да го ограничат движењето на нивните возила врз основа на одреден однапред дрфиниран регион. Ако возилото патува надвор од дозволената област, системот може да испрати предупредување преку е-пошта и / или текстуална порака. Дополнително, алармите можат да се активираат и кога возилата се во движење, а не би требало да бидат. На тој начин многу полесно можете да го заштитите вашиот имот.

Подготвени сте да го унапредите Вашиот бизнис со EZtoTrack системот за GPS СЛЕДЕЊЕ? Нашиот тим ќе Ви помогне да дознаете како.

 

Трендови на пазарот 2017

Што читаме овие денови

“FMCSA” ги ажурира веб страниците за “ELD” Мандатот

 

“FMCSA” објави дека го ажурира делот за “ELD” Мандатот на својата веб-страница, за да создаде попристапен систем и да ги нагласи критичните информации за “ELD”…

 

Прочитајте повеќе >>

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА ВОЗАЧ-drive change-AUTONOMNI KAMIONI VS. VOZAČI

Следете ги сите новости и трендови на вашиот емаил:

Бул. 11ти Октомври бр. 25,
Спрат 2 (во QBE зградата)
1000 Skopje Macedonia

+389 78 375 657
+389 71 222 285

sales@bransys.com