Newsletter Брансис

NEWSletter

Јули 2016

Bransys и Mobileye заеднички настапуваат и во САД

Почнувајќи од март 2016, Групацијата Брансис склучи договор за соработка со Mobileye за имплементирање со нивниот систем за следење на пазарот во САД.

 

Соработката се однесува за флоти со тешки и лесни возила.

 

Групацијата Брансис својот партнерски договор со Mobileye за интеграција на двете решенија на македонскиот, српскиот, црногорскиот и косовскиот пазар го прошири и за пазарот во Америка. Но бидејќи ова е само почеток на соработката и на можностите кои се отвораат со оваа соработка во менаџирање на флота возила, понатамошното проширување нема да заврши тука.

 

“Ова е одлична можност за нас. Mobileye е отворен за сите возила кои се движат по одбележани сообраќајници. Најважно е што Mobileye е превенција за сообраќајни незгоди, а заедно со нашето EzToTrack решение за GPS следење на возила, се обезбедуваат дополнителни придобивки како намалување на сообраќајните прекршоци и намалување на оперативните трошоци по возило. Сите овие предности се достапни за сопствениците на различни возни паркови, без разлика на големината и на видот на флотата – како за лесни возила, така и за комбиња, тешки товарни возила и слично, бидејќи сите подеднакво сакаат да се намали бројот на сообраќајните незгоди. Сите инволвирани страни во активноста на флотите возила се изложени на проблеми како брзо возење, непочитување на одбележувањата на патот и на пешаци, а ова решение може позитивно да ги промени однесувањето и навиките на возачите, со што придобивките за сите страни растат.” – Бранко Трајковски, основач и Генерален менаџер на Брансис Групацијата.

Mobileye Системот за избегнување на незгоди е најновото достигнување за превенција од сообраќајни незгоди. Системот користи интелигентни сензори за визуелизација на сообраќајницата пред возилото. Истиот може да идентификува објекти на патот на возачот што може да претставуваат закана, како што се други возила или пешаци. Системот континуирано ги мери оддалеченоста и релативната брзина на објектите за да го пресмета ризикот од судир. Исто така детектира и хоризонтални одбележувања на патот и сообраќајни знаци за дозволена брзина. Кога ќе се детектира приближување на некоја потенцијална опасност, системот емитува визуелни и звучни аларми во реално време, со што навремено се предупредува возачот да може да направи промена во движењето за да може да се избегне потенцијалната незгода. Поради сите овие причини, Брансис се повеќе се ориентира кон примена на технологијата на Mobileye се со цел да се задоволат потребите на нашите клиенти, како Кока Кола Хеленик Групација и други.

_gps_следење_софтвер_gps_следење_возила_следење_на_Вашите_возила_менаџирање_на_флота

За повеќе информации за производите на Брансис наменети за флота возила на Америчкиот пазар посетете нѐ на  EzToTrack.

 

Јули 2016

Нова апликација од фамилијата EZtoTrack – EZtoRoute

Нашата најнова апликација EZtoRoute која беше претставена на пазарот, е достапна на Андроид и иОС платформите. Оваа апликација е директно поврзана со системот за следење и менаџирање на флота возила EztoTrack. Апликацијата EztoRoute е развиена за компании со различни големини на флоти возила и за различни индустрии, како што се дистрибуција, транспорт и тн. Ова решение е развиено за тековно ажурирање на реализираните трошоци и едноставно означување на однапред дефинираните точки од интерес (ТОИ) за сите возачи во возниот парк, како што се дистрибутери, мерчендајзери и др. Сегментот Трошоци ги опфаќа сите реализирани трошоци во реално време по рута и по возач, како што се патарини, гуми, гориво, сервисирање и сл., додека сегментот Рути опфаќа додавање нови ТОИ на листа, додавање нови ТОИ на рута, креирање на рута од однапред дефинирани ТОИ и многу други опционалности за полесна контрола и организација на рутите по возач. Ова Б2Б решение е отворено за надградување по барање на клиентите со различни извештаи и пресметки во софтверот за извештаите да можат да се користат од менаџментот за подетални анализи и извештаи зависно од потребите на индустријата и на клиентот.

 

newsletter_gps_следење_софтвер_gps_следење_возила_следење_на_Вашите_возила_менаџирање_на_флота

 

Покрај оваа апликација, Брансис во моментов ја развива и апликацијата EZtoDispatch, која во основа е создадена за брза и едноставна двонасочна комуникација помеѓу одговорните на возниот парк и возачите во истиот, безразлика на нивната локација што е особено полезно при патување во странство кога возачите се во роаминг. Овој систем е создаден за флоти кои сообраќаат на различни територии, за да им се обезбеди побрза двонасочна комуникација која во исто време ќе им ги намали и трошоците во флотата.

 

Зависно од трендот на пазарот, индустриите и преференците на клиентите, настојуваме секојдневно да ги надградуваме нашите софтверски решенија и да внесеме нови иновативни идеи, како би можеле да понудиме современо, сигурно и соодветно решение на секој наш клиент и корисник.

 

Јули 2016

Claxi – Ги предизвикуваме границите

Со континуирано надградување на сворто портфолио, Брансис разви решение кое значително се издвои од останатите. Клакси, мобилната апликација за повикување такси се издвои како спиноф компанија на Брансис. Основната цел на оваа апликација е поврзување на патниците и возачите во одредена област и овозможување на избор на оптимална понуда преку Клакси платформата за обратна аукција.

 

За само една година Клакси се разви од локална апликација за повикување такси во уникатна и софистицирана апликација која се користи глобално.

newsletter

Одлучивме да ги предизвикаме ограничувањата и да го направиме тоа што најдобро и знаеме – да го надградиме решението според барањата на нашите корисници, со што сега имаме комплетно нов дизајн на апликацијата и унапредено софтверско решение на позадинскиот софтвер прилагодено на различни пазари. Поради брзиот и едноставен процес на имплементација на нови пазари, Клакси решението, денес е присутно на повеќе од еден пазар, како Македонија, каде ги направивме нашите први чекори, Камерун, каде добивме целосна поддршка за проектот од Orange, Словенија, Швајцарија, каде имаме отворени преговори за партнерства.

 

Новата, подобрена верзија на Клакси е интегрирана со Foursquare сервис за локација на објекти, нов дизајн прилагоден за корисници, категории на возила за различни пазари и ASAP копче за побрзо добивање на такси прескокнувајки го чекорот за избор од понуди и директно и брзо добивање на такси.

 

Јули 2016

Масит ИКТ награди 2016 – Државен победник

Claxi како извонредно мобилно решение на Bransys, како победник од Македонија, во октомври 2016, ќе се претстави во Бразил на светскиот натпревар за ИКТ решенија. Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии –  МАСИТ, како член на WITSA (World Information Technology and Services Alliance) и оваа година го организираше изборот на „МАСИТ ИKТ Награди“ за исклучителни достигнувања во доменот на информатичката технологија, која првонаградените решенија ги номинира на “Global ICT Excellence Awards”, избор на награди кој се одржува на секои две години.

bransys witsa award

Оваа година првото место на “Масит ИКТ Наградите” му припадна на Bransys, со мобилното решение Claxi. „МАСИТ ИKТ наградите“ ги опфатија следните категории: решение во јавен сектор, решение во приватен сектор,  решение за дигитални можности, решение за одржлив раст и извонредни мобилни решенија. Како дел од категоријата извонредни мобилни решенија, Claxi со успешната примена на мобилната технологија се издвои од останатите решенија кои беа претставени на изборот и ќе го продолжи своето натпреварување на изборот на WITSA 2016 Global ICT Excellence Awards во рамки на светскиот конгрес за ИТ што ќе се одржи на 4ти октомври во Бразилија, Бразил.

 

Јули 2016

Што нашите соработници изјавуваат за нас

Даути Комерц увоз и дистрибуциа Скопје – Сарај (увезува и дистрибуира познати светски брендови до најорганизирана трговска мрежа: магацини, ланци на маркети и маркети.

 

newsletter

 

Со оглед на динамиката на секојдневното работење на компаниата и броjката на возила, неопходно да се знаат голем број на информации кои ги обезбедува Bransys fleet managment system-от. Даути Комерц има повеќегодишна успешна имплементација на овој систем.

Користењето на овој софтвер доста ја олесни и нашата работа како компанија во целост. Брза и модерна апликација со можност за изработка на извештаи и нотификации за вкупни трошоци кон возилата и истата ни помогна да ги намалиме трошоците и да ја зголемиме продуктивноста на вработените. Благодарение на квалитетот на услугата и огромните бенефиции секогаш ќе има простор за понатамошна соработка.