Newsletter Брансис

NEWSletter

Јануари 2017

Европски Бизнис Награди 2017 – Гласањето започна

Започна гласањето за избор на Национален јавен победник при Европски Бизнис Награди 2017 за Македонија, како и за уште 33 други држави учеснички во изборот на Европските Бизнис Награди. Брансис, како една од компаниите кои беа избрани од страна на комисијата при ЕБН за национален победник, продолжи во трката за избор на Национален победник на Македонија избран од гласачите.

 

Раскажувајќи ја својата бизнис приказна, повикуваме на поддршка за гласање од публиката во следните 7 недели. Бранко Трајковски, основач на Брансис, изјави: “Чест ни е што сме номинирани како Национален победик на Европските Бизнис Награди 2017 за Македонија. Нашето видео е отворено за гласање за избор на Национален победник за Македонија избран од гласачите, се до 1 Март.  Секој Ваш глас ни значи многу, и нѐ прави горди што сме дел од успешните приказни од Македонија, со признание на Европско ниво, поддржани од јавноста. Ви благодарам однапред на сите за поддршката!”

 

На јавното гласање учествуваат повеќе од 350 Национални Победници избрани од комисијата, натпреварувајќи се меѓусебно од вкупно 34 земји од Европа.  По седум неделното гласање, компаниите со најмногу гласови од секоја земја, ќе бидат прогласени за ‘National Public Champion’ на 6 Март 2017. По изборот на овие 34 победници, ќе започне вториот круг на гласање, од 6ти Март до 27ми Април, за избор на ‘European Public Champion’.

 

Адријан Трип, CEO на Европските Бизнис Награди, изјави: “Минатата година, јавното гласање донесе преку 227.000 гласови од целиот свет. Ова е многу важен дел од Наградите, бидејќи им овозможува на компаниите еден сосема нов пристап на презентирање на своите успеси. Па затоа, ве молам погледнете ја нашата веб страна и пласирајте го вашиот глас!” Европските Бизнис Награди беа основани за да го поддржат развојот на посилна и поуспешна бизнис заедница во Европа и пошироко. Оваа година учестуваа повеќе од 33.000 бизниси од 34 држави.

Европски Бизнис Награди 2017-bransys vote for us European Business Awards 2017

 

Јануари 2017

Апликацијата Клакси национален претставник во категоријата Паметен Град во Брисел

Европските Стартап Награди во 2016 година издвоија 8 стартап компании на Скопскиот саем, за време на ТЕХНОМА и МАКИНОВА. Натпреварот беше организиран од страна на NCDIEL (Национален центар за развој на иновации и претприемништво). Клакси како национален претставник во категоријата Паметен Град ќе ја претставува Македонија во европското финале во Брисел. Победниците на Европските Стартап Награди од Македонија ќе се здобијат со голема видливост низ Европа и пристап до менторска програма во Брисел, овозможувајќи им да ги развиваат своите проекти на европско ниво.

 

“Стартап компаниите генерираат иновации, кои го подобрува квалитетот на живот на граѓаните, социјалната интеграција, како и сегменти од животната средина и здравјето на луѓето. Тие докажуваат дека секој во нивната област може да допринесе со преземање на индивидуална активност” – Хуан Мануел Ревуелта, директор на Финнова и Европските Стартап Награди.

startup Europe awards claxi bransys smart city award category-European Business Awards 2017

Европските Стартап Награди се иницијатива промовирана од Европската Комисија и имплементирана од Финнова, во соработка со Стартап Европа, со двојна намена за креирање алијанса на институции за поддршка на претприемништвото и иновациите, а од друга страна, за да се наградат Евопските стартап компании за нивните активности, во 9 различни области (паметен град, креативни индустрии, енергија, екологија, социјална иновација, туризам, ИКТ, вода и здравје), на 5 нивоа (локално, регионално, национално и европско ниво).

 

Европските Стартап Награди имаат за цел да ги препознаат, од една страна, активностите извршени од страна на стартап компаниите со седиште во Европа, а од друга страна, да создадат Европска Стартап Алијанса.

 

Јануари 2017

Оптимизирање и унапредување на работата на станиците за технички преглед

Вертест системот претставува комплетен софтверски систем за станици за технички преглед целосно синхронизиран со активниот софтверски систем во Министерство за транспорт и врски. Со овој систем се избегнува дуплирано внесување на податоци бидејќи истиот е поврзан со матичниот систем во Минстерство за транспорт и врски. Единствено Вертест системот овозможува еднократно внесување на бараните податоци.

 

Ова решение опфаќа едноставна процедура при обработката на документите за технички преглед на возилата и хомологација, со цел да се поедностави програмата, согласно со потребите на корисниците.

Софтвер за станици за технички преглед-mockup-Vertest-European Business Awards 2017

Уникатноста на решението, покрај поврзаноста со системот на Министерство за транспорт и врски на Р. Македонија, опфаќа и неколку други специфичности, како што се:

  • Вклучена техничка поддршка
  • Вклучена обука за користење
  • Комплетно софтверско решение за СТП и Хомологација
  • Можност за манипулација на системот од страна на Администраторот
  • Опција за бланко сметки – за различни дополнителни услуги.

 

Видејќи имплементирањето на современ информатички систем е еден од предусловите за квалитетно и ефикасно работење на станиците за технички преглед, Вертест системот е единствено програмско решение кое овозможува оптимизирање и унапредување на работата на истите.

 

Јануари 2017

Што треба да знаат менаџерите на возен парк за ГПС следење

GPS следењето и менаџирањето на флота возила може да ви помогне да ја зголемите ефективноста и ефикасноста на вашиот возен парк на многу начини. Но, истовремено, програмите за следење може да претставуваат “голем залак” за менаџерите на возниот парк.

 

Бидејќи придобивките од GPS следење драстично го надминуваат стресот од процесот за менаџерите на флотата, тие треба да имаат во предвид неколку факти за софтвер за управување со возниот парк:

 

  1. Користењето на софтверски програм не значи намалување на бројот на вработени.

 

Некои менаџери на возен парк ја доживуваат технологијата како замена за работници или како нужно зло, но ова едноставно не е така. На пример, GPS следењето е наменето за унапредување на работните активности и за да овозможи подобрување на ефикасноста и ефективноста на возниот парк. На крај, каква би била корисноста од еден софтвер, ако нема кој да го користи.

Со користењето на EZtoTrack софтверот, вие би можеле да ги намалите дефектите, да заштедите време и пари, и многу повеќе.

 

  1. Софтверските програми можат значително да ви заштедат време.

 

За менаџерите на возен парк важно е да имплементираат софтверски систем кој ќе им заштеди на време и нив и на нивниот тим.

Системите за менаџирање и следење нудат можност за брза инсталација, контрола на горивото во секое време, за да се замени процесот на рачно превење на извештаи и пресметки и известувања за периодични сервиси или други активности, со едноставни системски известувања.

 

  1. Програмот за следење ќе ви помогне да ги одржите вашите возила оперативни.

 

Софтверот за менаџирање со возен парк ќе ви помогне во управувањето со распоредот за одржување на вашите комерцијални возила. Редовното одржување е доста важно, бидејќи тоа е зависно од поминатите километри, а не од времето како фактор.

Со EZtoTrack софтверот вашите возачи никогаш нема да мора да се грижат дали нивните возила се оперативни.

 

  1. Софтверот за менаџирање на возен парк ќе ви помогне да ја подобрите безбедноста на возачите.

 

Безбедноста е уште еден клучен аспект каде овој програм може да придонесе за вашата флота возила. Возачите не секогаш се во можност за телефонски повици. Во такви моменти програмско решение би можело да ви помогне веднаш.

Со EZtoTrack и Mobileye, вашите возачи добиваат систем за превенција од незгоди кој ги известува за можни незгоди. Но, истовремено, доколку се дел од некаква незгода, можете брзо да ја одредите нивната локација и да помогнете.

 

Јануари 2017

Што нашите клиенти изјавија за нас

Со оглед на динамиката на секојдневното работење на компанијата и на бројот на возила, голем дел од информациите се обезбедени од страна на системот за управување со возилата на Брансис. Пекабеско АД Скопје има повеќегодишна, успешна имплементација на овој систем.

pekabesko-branys-clients-пекабеско-пкб-брансис-клиенти-дистрибуција-European Business Awards 2017

Користењето на овој софтвер, ја олесни работата на нашата компанија во целост. Брза и модерена апликација, со можност за изготвување на извештаи и известувања за вкупните трошоци на возниот парк, што ни помогна да ги намалиме трошоците и да ја зголемиме продуктивноста на вработените. Благодарение на квалитетот на услугите и на огромните придобивки од системот, секогаш ќе има простор за понатамошна соработка со Брансис.