Bransys Новости
Роденденска Акција
NEWSletter
Роденденска акција
На 5-ти мај, Групацијата Bransys прослави 9 години од основањето. Почнувајќи од 2008 година, како локална стартап компанија, со седиште во Скопје, Македонија, Bransys прерасна во меѓународен бизнис. Денес со канцеларии во Белград, Србија и во Чикаго, Илиноис, Bransys се издвои помеѓу многу глобални софтверски компании со решенија за менаџирање на флота возила.
Како софтверска компанија, нашиот тим има развиено голем број на софтверски решенија за дистрибутивни компании, транспортни компании, такси компании, компании за управување со отпад и многу други.
Основа на нашиот бизнис е EZtoTrack – софтверско решение за менаџирање на возен парк. Ова е напредно софтверско решение за управување со флота на возила со GPS систем за следење и сложени алгоритми за анализа на податоци и извештаи. Ова решение сега се користи за следење илјадници возила во многу различни региони. Ова решение е развиено за работа со мали и фолеми флоти возила соодветно. Со растот на нашите клиенти, располагаме со архитектурата и ресурси соодветна на нивните потреби, притоа одржувајќи го квалитетот на нашите производи константен, без оглед на големината на клиентот.
Во Брансис, ние веруваме во оптимизирање на најважните предизвици на сите времиња – време и пари. Начинот на кој ние го оптимизираме времето и парите е преку подобрување на ефикасноста и продуктивноста на сите наши клиенти со иновирање на нови софтверски решенија и интегрирање на комплетни системи како решенија.
Најголемите предизвици за бизнисите со флота возила, ефикасност и продуктивност, ние ги решаваме со уникатен софтвер за управување на флотата и хардверско решение, дизајнирани од Групацијата Bransys, прилагодени за секој клиент, за да се намалат трошоците за возен парк, за намалување празни работни часови на тешки машини, зголемување на ефикасно рутирање, распоред и повеќе кориснички решенија, сите високо структуирана во еден напреден систем.
Веќе 9 години, ние отворено ја споделуваме нашата тајна за успехот – градење на доверба, почит и одговорност меѓу нашиот тим, и целосна посветеност на нашите проекти и клиенти. И покрај нашиот значителен пораст, ние остануваме фокусирани на иновирање во име на успехот на нашите клиенти.
WASTE EXPO 2017
Најголемиот саем и конференција во Северна Америка за индустријата за отпад
Bransys групацијата го посетија WasteExpo 2017, настан кој се одржа од 8-11 мај 2017, во Њу Орлеанс, Лос Анџелес. Тимот на Брансис постојано работи на подобрување на софтверски решенија и ги следи трендовите на пазарот.
На WasteExpo го претставивме нашето целосно автоматизирано решение за следење на подвижни “Roll-off” контејнери. Без потреба од телефони, без скенирање, без потреба од човечка интеракција или внесување на податоците.
Јавните барања и временските рамки, како и злоупотребата на товарна машинерија, додава ниво на сложеност при управување со флота во отпадните компании. Токму поради тоа, нашиот EZtoTrack систем нуди решение на проблемите кај отпадните компании.
Опслужувајќи повеќе од 90,000 професионалци од целиот свет, Waste360 е водечки провајдер на информации, настани, трговија и образование на заедниците за цврстиот отпад, рециклирање и органски отпад и игра клучна улога во поврзување на професионалците од оваа индустрија од целиот свет. Веќе 45 години, WasteExpo претставува најголемиот саем и конференција во Северна Америка, привлекувајќи ги клучните носители на одлуки во јавниот и приватниот сектор на отпадната индустрија вредна $ 85 милијарди долари.
Овогодинешниот настан, е еден од најзначајните саеми за заедницата од секторот за управување и развој на Тексас. Повеќе од петстотини изложувачи од целиот свет, од областа на отпадни услуги, општини и други, доаѓаат да учествуваат во овој настан. Тие разговараат со посетителите на саемот за различни теми во врска со цврст отпад, управување со отпад, транспорт на отпад и ѓубре и рециклирање на овој отпад. WasteExpo е настан кој ги опфаќа посетители од областа на јавниот и приватниот сектор за управување со отпад. Овој настан се одржува еднаш годишно. Изложувачите на настанот зборуваа за правилно искористување на рециклиран цврстиот отпад од домашни производи, содржина и органски отпад, отпад од здравствена индустрија, преносни контејнери и канти, управување со отпад и др.
АВТОНОМНИ КАМИОНИ
Што значат автономните камиони за компаниите чии бизнис зависи од нивната флота на возила?
Секој ден слушаме се повеќе и повеќе за нови пронајдоци, како автономни возила. Но, што всушност значи тоа за сите оние бизниси кои зависат од нивната флота на возила?
Автономните возила можат самостојно да се управуваат без човечки фактор. Овој вид на возила стана реалност и истите отвораат пат за идните програмски решенија со кои компјутерите би ја преземале уметноста на возењето.
Оваа иновација е исто така позната како возила без возач или самостојни возила. Тие користат различни видови на технологии. Тие се изградени со GPS уреди база со податоци за навигација, за да им помогне при навигацијата. Тие исто така, можат да користат различни сензори и друга опрема за да се избегнат сообраќајни незгоди. Дополнително, имаат способност да користат технологија позната како “AI – augmented reality”, каде возилото прикажува информации за возачите преку нови и иновативни начини.
Овој изум во транспортната индустрија ќе донесе многу промени за компаниите кои се потпираат на нивните возни паркови. За неколку години, од економска гледна точка, се очекува за многу компании да се насочат кон автономни флоти. Се со цел да ги намалат трошоците и да го подобрат управувањето со времето. Иновациите од овој вид се масовно прифатени од страна на компаниите, поради финансиските очекувања од истите. Но, не треба да се заборави дека самостојното управување и безбедноста не треба да се гледаат одделно. Вистинската предност во имплементирањето на системи за асистирање на возачот (ADAS) е во способноста драстично да се намали бројот на сообраќајни несреќи.
Исплатливоста за транспортната индустрија во смисла на намалување на трошоците е подобра во споредба со приватни возила. За возачите, на пример, се одвојува околу 33% од оперативните трошоци на една флота возила, според анализите на “Stifel Financial Corp”. Со тек на време, самостојните камиони ќе биде само сет на тркала, рамка, мотор и компјутер. На овој начин производителите на камиони, ќе бидат во можност да ја намалат големината и тежината на камионот, дозволувајќи им на превозниците да пренесуваат потешки товари при патување.
IHS аналитичарите проценуваат дека годишната продажба на автономни тешки-товарни камиони би можела да достигне 600.000 единици на годишно ниво од 2035 година. Почнувајќи со неколку илјади во 2020 година. Во зависност од комплексноста на патот и сообраќајот, Ниво 4* Режим на висока автоматизација со “висока автоматизација” на делови од меѓународни автопатиштата, се предвидува да се постигнат до 2022 година. Во други, помалку напредни сценарија, возилата ќе можат да сообраќаат само во Ниво 2* делумно автономен режим, како што се градските улиците.
2017 година се очекува да биде година на автономните камиони. Ова може да значи подобрен камионски превоз, оптимизација на трошоците за гориво и зголемена безбедност.
* Нивоа според SAE J3016 за автоматизација на сообраќајни моторни возила:
- Ниво 0 – Без автоматизација: целосно зависно од човекот како возач, дури и при употреба на системи за предупредување или интервенција.
- Ниво 1 – Асистирање на возачот: возење со систем за помош на возачот или делумна контрола на воланот или забрзување / забавување, користење на информации за животната средина за возење и со очекување дека човекот како возач ќе ги врши сите останати аспекти на динамиката.
- Ниво 2 – Делумна автоматизација: учество во сообраќајот со еден или повеќе системи за помош на возачот, системи на управување и забрзување / забавување, користење на информации за животната средина за возење, и со очекување дека човекот како возач ги врши сите останати аспекти на возењето.
- Ниво 3 – Условна автоматизација: учество во сообраќајот со автоматски систем за возење за сите аспекти на динамиката на возењето со очекување дека човекот како возач ќе одговори соодветно на барања за интервенција.
- Ниво 4 – Висока автоматизација: учество во сообраќајот со автоматски систем за возење за сите аспекти на динамиката на возењето, дури и ако човекот како возач не реагира соодветно на барањето за интервенција.
- Ниво 5 – Целосна автоматизација: учество во сообраќајот со автоматски систем за возење за сите аспекти на динамиката на возењето, на сите патишта и при различни услови на животната средина кои можат да бидат управувани од страна на човекот како возач.
HARDWARE
AVL E1 – C Електронски уред за записи
Bransys групацијата креираше ново хардверско решение компатибилно со ELD софтверското решение за американскиот пазар.
Електронскиот уред за записи AVL Е1-C е наменета за помош при создавање побезбедна работна околина за возачи, полесно и побрзо прецизно следење, управувате и споделување на евиденција на податоци за статус (RODS). Електронскиот уред за записи ја прави работата за менаџирање на работни саати поедноставна. Податоците што досега се чуваа сега ќе бидат автоматски снимени. Електронските записи значи помалку документација, повеќе време, подобра продуктивност, подобрување на безбедноста на возачот и значително зголемување на профитабилноста.
ПРИМЕНА
AVL Е1-C е хардверски уред кој може да се користи во различни индустрии и заразлични видови на возила. AVL E1-C обезбедува електронски записи за секое возило во возниот парк. Уредот е погоден за било кој тип на возен парк, како на пр. камиони, лесни возила, комбиња, возила за отпадна индустрија итн. Исто така, може да се користи за различна големина на флоти – мали, средни, големи итн.
КЛУЧНИ ПРИДОБИВКИ
- Ниски трошоци, оптимизирана конекција.
- Универзална LTE, UMTS / HSPA + и GSM / GPRS / EDGE покриеност.
- GNSS приемник.
- Идни функционалности: поддржува DFOTA*, eCall*, QuecLocator и DTMF.
- MIMO технологија.
Контактирајте не за повеќе информации во врска со новиот ELD уред дизајниран од страна на Брансис групацијата!
Трендови на пазарот 2017
За што читаме повеќе овој период
Добавувачите за индустриите со флота возила се повикуваа “да се подготват” да се сретнат со стотици потенцијални клиенти во октомври на Fleet Management LIVE настанот.
Крис Лестер, директор на настанот, изјави:
Добавувачите за бизнисите со флота на возила имаат единствена можност да влијаат на многу голем број на потенцијални клиенти на Fleet Management LIVE настанот. За да се зголеми оваа можност, тие треба да се осигураат дека нивните тимови се целосно информирани и подготвени да се справат со прашањата од одговорните лица на компаниите како посетители, бидејќи тоа може да биде од особено значење за потенцијална соработка по настанот.
Страна на настанот – www.fleetmanagementlive.co.uk




