ТЕЛЕМАТИКА 2018

Новости

ТЕЛЕМАТИКА 2018

Телематика – Трендови за 2018 Година 

Автомобилската индустријата е позната како една од првите индустрии која ја прифати новата технологија. Многу професионалци се двоумат за имплементирањето нови технологии во нивниот бизнис. Но, реалноста е дека ако сакате вашиот бизнис да биде поефикасен во секојдневните операции, дефинитивно треба да ги прифатите новите  IoT трендови.

 

Технологијата ќе игра огромна улога во менувањето на концептот на менаџирањето на транспортот во наредните години. Се повеќе и повеќе бизниси ги користат предностите на телематиката, како што се: пониски трошоци, зголемена продуктивност на флотата, подобрена безбедност во сообраќајот итн.

 

Со зголемување на бројот на карактеристики кои ја олеснуваат работата на корисниците на овие системи, како EZtoTrack, компаниите ќе можат да ги:

 

  • Намалат трошоците;
  • Прецизно да проценуваат ризик; и
  • Да одржуваат оптимално работење на нивната флота.
Telematski Trendovi -Telematics-Телематика-2018-Telematika

Со овие системи, тие можат да ги намалат трошоците за гориво и да користат помалку возила со подобрување на рутирањето. Како и да ги намалат трошоците за одржување на возилата и да добиваат помалку приговори од осигурителните компании со следење на сообраќајната култура на возачите. Телематиката им овозможува на компаниите однапред да знаат дали возилото ќе има механички дефект. Оваа карактеристика на системите исто така собира податоци во реално време, овозможувајќи им на менаџерите на возниот парк да ги следат возачите и да ги задржат на безбедна рута. Телематиката, исто така, обезбедува детални анализи. На тој начин, менаџерите знаат како секое возило работи, колку возила се потребни за да се опслужат клиентите и кога дефектните возила треба да се заменат.

 

Но иако информираноста е предност, инвазијата на информации може да биде премногу за оние кои не знаат како правилно да ги користат податоците. Ова е Вашата шанса да бидете на врвот, над Вашите конкуренти, и да го инсталирате EZtoTrack решението на Вашите возила. За повеќе информации, контактирајте не на +389 71 222 285.

 

ТРЕНДОВИ ВО СООБРАЌАЈНАТА БЕЗБЕДНОСТ ЗА 2018

Безбедност во Сообраќајот

Од суштинско значење за транспортните компании е безбедноста на патиштата. И покрај еволуцијата на многу безбедносни системи, сé уште има голем број на жртви во сообраќајот.

Иако во возилата, технологија за асистирање при возење веќе постои и е сè повеќе и повеќе достапна кај поновите модели на возила, експертите во транспортот веруваат дека иднината на безбедноста на патиштата ќе биде целосно зависна од усовршувањето на оваа технологија.

Но, автомобилската индустрија има уште многу пред неа за да се усоврши. Технологијата дефинитивно може значително да го намали бројот на сообраќајни несреќи кои се случуваат, особено на долг рок. Но и предизвиците постојано се зголемат, особено поради новите современи дистракции при возењето.

Telematski Trendovi -Telematics-Телематика-2018-Telematika

Иако поновите модели на возила се опремени со технологија за асистирање при возење, системите за управување со возен парк ќе продолжат да ги зголемуваат можностите за побезбедни патишта.

Иновациите како автоматски системи за сопирање, системи за видео надзор, системи за предупредување при преминување ленти, постојано се развиваат. Тие се основата на технологиите за планирање на одржување на возилата кое на менаџерите на возен парк ќе им овозможи дијагностицирање на секое возило. Исто така, тие ќе ги детектираат проблемите со одржувањето, пред да дојде до дефекти на возилата.

Секоја нова иновација има тенденција да ја зголеми безбедноста во сообраќајот. Со тоа бизнисите стануваат зависни од новите технолошки трендови повеќе од кога било досега.

 

ИКТ РЕШЕНИЈА

Оваа Година Направете ја Вашата Флота Возила Поефикасна

Управувањето со флота возила станува се понеапстрактно од ден во ден. Најголемите добавувачи за флота возила, како производителите на возила, компаниите за управување со возен парк и изработувачите на програмски решенија за управување со возен парк, собираат податоци и работат 24/7 за да ги анализираат истите и да ги проследат до менаџерите со цел да им овозможат поефикасно управување со возниот парк.

Telematski Trendovi -Telematics-Телематика-2018-Telematika

Со текот на годините, решенијата за управување со флота возила значително се зголемуваат и надградуваат врз основа на достапните податоци. Изненадувачки, некои истражувања покажуваат дека само 30-40% од компаниите со флота возила денес, користат решение за управување со флота. Тешко е да се замисли сценарио каде што би можело да се оправда флотата да не користи решенија за управување со возниот парк. Старите причини за отпор не се реални повеќе. Сега возачите не се толку загрижени за “Големиот брат” што “будно” ги следи. Тие едноставно го очекуваат тоа. Најчест приговор денес е цената. И тоа е легитимен проблем за повеќето компании. Купување 10 или 10.000 од нешто резултира со трошок. Но, не треба да се изгубите во пресметките за да сфатите дека следењето на вашата флота е една од најдобрите инвестиции што можете да ги направите. Повратот на инвестицијата за повеќето компани е во навистина краток рок.

 

Како и повеќето одлуки за флотата на возила на една компанија, и оваа одлука се сведува на анализа на трошоци. Разликата е во тоа што придобивките ги надминуваат трошоците толку многу што не е ни фер да се споредуваат. А дополнително, придобивките постојано се зголемуваат. Првата генерација на системи за управување со флота возила направија одлична работа за обезбедување на точки на мапа, и овозможија компаниите да знаат каде се нивните возила. Новата генерација на овие системи, пак, го нуди сето тоа и плус повеќе. Рутирање, геолоцирање по региони, алармирање, дијагностицирање, податоци за сообраќајната култура на возачите и други нови опции. Иднината, најверојатно, ќе вклучува услуги за кои сè уште не сме ни размислувале. Услуги кои ќе ја направат вашата флота побезбедна, поефикасна и попродуктивна.

 

Ако барате едно нешто што треба да го направите, за да ја направите својата флота поефикасна оваа година, нема подобра опција отколку да инсталирате решение за управување со флотата. EZtoTrack може да Ви помогне да ги истражите можностите за поефикасно работење на Вашата флота. И додека Вашата флота расте, системот ќе биде во согласност со Вашите потреби. Квалитетот на решението ќе остане доследен на Вашата флота возила, без оглед на големината.

 

EZtoTrack

Што ГПС Следењето Следи?

Telematski Trendovi -Telematics-Телематика-2018-Telematika

Решенијата за ГПС следење имаат широк спектар на можности. Поради тоа со решенијата за ГПС следење, компаниите можат да ги надминат нивните уникатни деловни предизвици. Најевидентните и најчести предизвици се управување со времето и прегледност на моменталните и историските локации на вашата флота.

Со EZtoTrack компаниите можат да ги следат своите возила и контејнери во реално време. Постојат две опции, следење преку веб апликација или на мобилен уред, со цел менаџерите на возниот парк да можат да го подобрат своето управување со времето.

Покрај основните карактеристики, EZtoTrack може да им помогне на компаниите да ги следат податоците како што се брзина, активност на моторот, неовластена употреба на возила, верификација на реализирана работа или реални работни часови наспроти бараните часови, како и евиденција за навремени  и задолжителни сервиси.

Можностите на системите за ГПС следење се бесконечни. Затоа е важно за компаниите да разберат што се нивните предизвици, за така да можат да одредат што им е потребно од еден провајдерот за ГПС следење.

 

ТРЕНДОВИ НА ПАЗАРОТ 2018

Што Читаме Овие Денови

Најдобри видеа, блогови за 2017 на AutomotiveFleet.com

Како што 2017 привршува, се осврнуваме на една година во транспортната индустрија, каде што мобилноста се издвои како топ тема. Менаџерите на флота возила продолжија да управуваат со сообраќајната култура на возачите, за да ја подобрат безбедноста на луѓето и имотот… Прочитајте повеќе

Telematski Trendovi -Telematics-Телематика-2018-Telematika

 

Следете ги сите новости и трендови на вашиот емаил:

Бул. 11ти Октомври бр. 25,
Спрат 2 (во QBE зградата)
1000 Skopje Macedonia

+389 78 375 657
+389 71 222 285

sales@bransys.com