AI artificial intelligence

NEWSletter

Deep Learning - AI - IoT

Систем за менаџирање возен парк со интегрирано AI решение

Брансис решението за управување со возен парк – EZtoTrack, помага во возните паркови да се имплементира AI базирано решение. Тоа претставува апликација која ја зголемува ефикасноста, ја подобрува безбедноста на возачот и обезбедува усогласеност со законските регулативи.

 

До 2020,  индустриските аналитичари проценуваат дека речиси 250 милиони автомобили ќе бидат поврзани на Интернет. Со новите возила кои доаѓаат опремени со голем број на паметни сензори, вградени апликации и подобрени гео-аналитички податоци, тоа дава нова смисла да се има ИТ решение за управување на флота возила.

EZtoTrack софтверскиот систем е AI-поддржана апликација која што обработува и интерпретира податоци генерирани од страна на менаџерите на возен парк, возилата, возачите, CRM и други бизнис системи. Таа овозможува полесен пристап до податоци и донесува за полесно донесување одлуки. Таа е развиена со цел да се направи целиот процес на управување со возен парк подобар и детален, во однос на статусот, рутирањето и работење на вашиот возен парк, и перформансите. EZtoTrack е дизајнирана да обезбеди автоматизација на процесите и динамично собирање податоци за подобрување на клучните индикатори за вашата флота со користење на вештачка интелигенција (AI). Можностите за ИТ решенијата да го направaт возењето побезбедно и поудобно, со користење на вакви современи решенија, се практично неограничени.

 

Embedded developers-artificial-intelligence-bransys-group-eztotrack-IoT-deep-learning-ELD System-AI

 

Затоа EZtoTrack помага во контролата на возниот парк и справувањето со хаосот во менаџирањето на истиот. Дополнително обезбедува и податоци за подобро донесување на одлуки. Ова е нова генерација на апликации за менаџирање на возен парк со интегрирана вештачка интелигенција (AI). Истата обезбедува фокус на клучните бизнис одлуки.

 

Ако сте подготвени да направите еден голем чекор напред кон современо решение за менаџирање на Вашиот возен парк, контактирајте не и дознајте како можеме да Ви помогнеме.

 

Прашалник 2017

Вашата оцена ни значи многу

Најголемата потврда за секоја компанија и работењето на нејзиниот тим е кога истата ќе добие позитивно мислење и оцени од своите соработници.

Токму затоа, се одлучивме да побараме од Вас да го споделите Вашето мислење за нашите производи.

 

EZtoTrack системот за следење и менаџирање на возен парк е решение кое веќе 9години активно се развива и надградува согласно со Вашите барања. Ова решение има за цел да ја унапреди работата на вашиот возен пар и да ја зголеми продуктивноста и ефикасноста на истиот.

 

 

Споделете го вашето мислење со оцена на системот од 1 до 5 (Каде 1 е “Не сум задоволен”, а 5 е “Одлично”)

 

 

Генерална оцена за системот
12345

Функционалности на системот
12345

Едноставност за користење
12345

Поддршка за корисници
12345

Вредност согласно со цената
12345

Веројатност да го препорачате
12345

 

Нашите партнери 2017

Mobileye

Нашето партнерство со Mobileye – Светскиот лидер во системи за превенција од сообраќајни незгоди, и нивниот (ADAS) Систем за напредна интервенција на возачи, е специјално оформено за заштита на Вашите најважни ресурси, Вашите вработени, за време на нивните патувања од една до друга локација.

 

Со ова партнерство, ние се издвоивме како единствена компанија за менаџирање на возен парк во регионот која се грижи за безбедноста на своите клиенти. Исто така единствено им овозможуваме да ги заштитат своите возачи и да ги задржат возилата неоштетени.

Mobileye напредниот систем обезбедува подобра сообраќајна свесност при насочување кон следна точка од интерес (POI) преку прецизно идентификување на возила, велосипедисти, пешачки премини, одбележувања на патот и сообраќајни знаци за ограничувања на брзината. Mobileye континуирано го следи опкружувањето на возачот и со тоа овозможува со добиените податоци да одреди доколку има потенцијални закани на патот. Исто така овозможува аудио и визуелни известувања како предупредувања во реално време. На тој начин, кога возачот ќе добие известување, тој знае што конкретно да направи за да ја избегне потенцијалната опасност.

 

Mobileye системот е интегриран со нашето EZtoTrack решение за следење и менаџирање на возен парк. Истите собирајќи податоци и проценувајќи ги сообраќајните трендови, ги мимимизираат заканите на патот и овозможуваат побезбедна средина за корисниците.

 

За да дознаете повеќе за ова решение погледнете го следното видео:

 

 

Тренд на пазарот 2017

За што читаме повеќе овој период

Ги следиме трендовите за Менаџирање на флота возила и Превенција од сообраќајни незгоди на светскиот пазар.

 

Intel го купува Mobileye за 15,3 милијарди долари и го сели делот за автономни возила во Израел.

Прочитај повеќе на SmartPortal.mk или на TechCrunch.

 

ELD System-Mobileye-Bransys Group-AI