Бесплатна Брошура

Новости

РЕГИОНИ ВО СВЕТОТ СО НАЈМНОГУ СООБРАЌАЕН МЕТЕЖ

Топ 10 градови со најмногу  сообраќаен метеж во светот за 2017

Шеста година по ред, Лос Анџелес е на врвот на листата на градови со најмногу сообраќаен метеж во светот, каде што возачите поминале 102 часа во сообраќаен метеж во 2017 година, за време на временски периоди кога има најмногу гужва во сообраќајот, според годишниот INRIX Global Traffic Scorecard.

Северна Америка е вклучена со пет градови од првите топ 10 градови ширум светот со  најмногу сообраќаен метеж, а Европа е вклучена со три градови од првите Топ 10 града. Покрај Лос Анџелес, Њујорк се бори со Москва за второто место со 91 час.

Besplatna brošura-Бесплатна Брошура-Waste Expo 2018

INRIX анализирал 1.360 градови низ 38 земји. Врз основа на истражувањето, САД е рангирана како земја со најмногу сообраќаен метеж во светот, при што возачите трошат во просек по 41 час годишно во сообраќајот за време гужви. Во извештајот се заклучува дека оваа состојба ги чини возачите скоро 305 милијарди долари во 2017 година, во просек по 1.445 долари по возач.

 

Топ 10 листа:

  1. Лос Анџелес, Калифорнија, САД
  2. Москва, Русија
  3. Њујорк, Њујорк, САД
  4. Сао Паоло, Бразил
  5. Сан Франциско, Калифорнија, САД
  6. Богота, Колумбија
  7. Лондон, Велика Британија
  8. Атланта, Џорџија, САД
  9. Париз, Франција
  10. Мајами, Флорида, САД

 

Повеќе детали на: http://inrix.com/resources/inrix-2017-global-traffic-scorecard/

 

БЕСПЛАТНА БРОШУРА

10 Совети како вашите возачи да бидат побезбедни во сообраќајот

Бесплатна Брошура-MK 10Tips Bransys

Бесплатна Брошура

Безбедноста е тема која треба во секое време да ви биде на прво место и вам и на вашите возачи. Секогаш е полесно да се каже внимавај, отколку тоа да се примени, особено во сообраќајот каде секојдневно се соочуваме со различни ситуации.

 

Следете ги овие 10 основни СОВЕТИ КАКО ВАШИТЕ ВОЗАЧИ ДА БИДАТ ПОБЕЗБЕДНИ ВО СООБРАЌАЈОТ.



     

    НОВОСТИ

    Фонд за Иновации и Технолошки Развој

    Besplatna brošura-Бесплатна Брошура

    На 20 домашни микро, мали и средни компании, вклучувајќи ги Брансис ДООЕЛ Скопје и Клакси ДООЕЛ Скопје, што аплицираа на два јавни повици спроведени од страна на Фонд за иновации и технолошки развој со поддршка од World Bank Skopje, на 08.02.2018 им беа доделени договори за финансирање на технолошки иновации.

    Со овие инвестиции ќе се спроведуваат проекти коишто треба да придонесат за намалување на загадувањето на воздухот во урбаните средини, како што е и решението на Клакси ДООЕЛ Скопје за „TaxiPolling“ што претставува споделување на такси возило помеѓу повеќе патници кои се движат во ист правец. На овој начин патниците ќе можат да добијат комфорен такси превоз и по цена на јавниот превоз, возачите ќе можат да заработат и до 3 пати повеќе од претходно, и најважно, ќе се подобри искористеноста на превозот, ќе има помалку празни седишта по возило и истовремено помалку активни коли што резултира со намалување на издувните газови во сообраќајот.

    Дел од иновативните проекти се наменети и за странските пазари, како што е Good Deal GPS решението на Брансис, што претставува електронска евиденција на записи од возила (е-тахографи) специјално развиено за Америчкиот пазар.

    Овие проекти се доказ дека Македонија изобилува со креативни, способни и вредни кадри, подготвени да го реализираат својот сон, да преземаат акција и да креираат нови вредности.

     

    NWRA

    Групацијата Брансис член на NWRA, САД

    Besplatna brošura-Бесплатна Брошура-Waste Expo 2018

    Групацијата Брансис стана член на NWRA. Американската Национална асоцијација за отпад и рециклирање-NWRA е лидер во индустријата за отпад и рециклирање. Таа активно ја промовира безбедноста преку законодавството и образованието.

    Националната асоцијација за отпад и рециклирање е трговско здружение кое ги претставува компаниите за отпад и рециклирање на САД од приватниот сектор, како и производителите и давателите на услуги кои работат со овие компании. Оваа година, Групацијата Брансис, со своето иновативно софтверско решение за управување со отпад, стана еден од членовите на ова здружение.

    Членовите на асоцијацијата, како и Брансис, вршат бизнис во сите 50 држави во САД. Асоцијацијата вклучува компании кои собираат и управуваат со мешан отпад, рециклирање и медицински отпад, производители на опрема и дистрибутери и разни софтверски услуги и хардверски провајдери за управување со отпад и следење на контејнери и возила вклучени во транспорт на отпад.

     

    ТРЕНДОВИ НА ПАЗАРОТ 2018

    Што Читаме Овие Денови

    Како телематика влијае на управувањето со трошоците за гориво на флота возила

    Трошоците за гориво се голем дел од вкупните трошоци на еден возен парк. Затоа важно е за одговорните лица на еден возен парк да можат да најдат начин да ги намалат овие трошоци. И додека постојат едноставни работи што флотите можат активно да ги направат за да ја намалат потрошувачката на гориво додека трошоците растат, менаџерот на возниот парк кој активно бара начини за намалување на трошоците за гориво на долг рок мора да размислува однапред, што најчесто значи вклучување на технологијата… Прочитајте повеќе

    Besplatna brošura-Бесплатна Брошура-Waste Expo 2018

     

      Следете ги сите новости и трендови на вашиот емаил:

      Бул. 11ти Октомври бр. 25,
      Спрат 2 (во QBE зградата)
      1000 Skopje Macedonia

      +389 78 375 657
      +389 71 222 285

      sales@bransys.com