Управување со мала флота возила

NEWSletter

ГОЛЕМИНА НА ВОЗЕН ПАРК

Систем за управување со мала флота возила

Флотите возила со кои релативно слабо се управува се многу слични меѓу себе, без соодветна организација, планирање и контрола. Од друга страна, пак, добро управуваните флоти на возила се разликуваат едни од други колку што се разликува денот од ноќта.

 

Малите бизниси се соочуваат со многу предизвици. Одржување на возниот парк кој генерира приходи е еден од најголемите предизвици. Но, тие не сфаќаат дека управувањето со возилата не мора да биде скапо и сложено, како што го доживуваат, дури и за флоти со едно или неколку возила.

mali vozni park-Upravljanje voznim parkom-мала флота возила-INDUSTRY 4.0

Кога немате многу возила, можно е да немате резервно возило за време на гужва. Ако некое од вашите возила остане дефект, може да се доведете во ситуација каде целиот ваш распоред е надвор од редот што би влијаело негативно на услугата што ја обезбедувате на вашите клиенти. Исто така, кај малите компании, карактеристично е дека управување со возен парк не мора да биде работа на една единствена личност. Често пати, менаџерот на возниот парк не е само тоа. Кога имате тон други задачи да се справите како прилог на управувањето со возниот парк, суштинската задача за управување со возниот парк може целосно да се занемари, особено ако сте исто така и еден од возачите на флотата.

 

EZtoTrack

Тоа е причината зошто EZtoTrack програмот е дизајниран за да служи за потребите на компаниите со мали флоти возила. Нашиот софтвер за управување со возен парк, го поедноставува процесот на одржување и управување на возниот парк, следењето на трошоците и подготвувањето на соодветни извештаи и известувања. Со EZtoTrack малите флоти на возила добиваат поефикасно искористување на трошоците за гориво преку следење и известување за активноста на возилата, управување со трошоците и следење на рути. Следењето на сметките за гориво и картиците за гориво помага при управување со трошоците по возило и/или возач. Исто така. автоматизирањето на распоредот за одржување на возилата во малите флоти автомобили и камиони помага да се задржи возен парк во исправна состојба подолго време и со помалку дефекти. Програмот, исто така, ги намалува административните обврски овозможувајќи му на вашиот тим се фокусира на критични прашања, наместо да се фокусира на “бркање” на возачите да приложат податоци за помината километражата за да може рачно да се внесат податоците и да се има соодветен увид во тоа. EZtoTrack им помага на мали флоти да ги одржат возилата во добра оперативна форма и да ги подобрат перформансите. На овој начин, компаниите можат и едноставно да ги следат ефикасноста на возачите и нивното однесување за време на возењето, пр. забрзување, агресивно сопирање и нагло забрзување, за да се идентификуваат ситуации пред истите да преминат во критична состојба за работењето на компанијата.

 

Сумирано, системите за управување со возен парк може да ги вадат малите компании надвор од нивната комфорт зона, но со нив планирањето, организирањето и контролата на возилата станува многу полесно, што им дозволува на комапаниите да растат и да се натпреваруваат со поголемите играчи на пазарот во исто време.

 

INDUSTRY 4.0

“Industry 4.0” во технологијата за менаџирање на флота возила

Никогаш до сега, оперативната технологија не била толку поврзана со информатичката технологија. Тоа придонесе цела една нова индустриска револуција, врз основа на фасцинантни иновации.

“Industry 4.0” е пред нас – тоа е визија за тоа како паметното производство се трансформира со создавањето и опслужувањето на машините. Тоа може да опфаќа делови од авиони, контејнери, автомобили, па дури и турбини на ветер. Преку паметно менаџирање и иновативна употреба на податоци, менаџерите на возните паркови и теренските работници се во можност да добијат нов увид во ефикасноста на овие моќни машини.

mali vozni park-мала флота возила-INDUSTRY 4.0-Upravljanje voznim parkom

Зголемувањето на значењето на  “Industry 4.0” создава плоден пазар за напредни технологии за следење на контејнери и технологии за производство. Производителите се повеќе се ориентираат кон софистицирана технологија за следење на контејнери за да се спречи оперативен неуспех, да се подобри ефикасноста на контејнерскиот превоз, како и да се намалат прекините во работењето на машинеријата во различни индустрии. До 2021 година, во сектори, како што се автомобилската индустрија, управувањето со флота возила, здравството, магацинското работење, логистиката, воздухопловната индустрија, автоматизацијата на индустриите и електрониката ќе се ориентираат кон технологија на контејнери и други средства, како и оптимизирање на работењето и паметно производство за да се примени “Industry 4.0”.

 

Со листа на карактеристики, посеопфатна отколку било што друго што Bransys до сега го има развиено, EZtoTrack решението обезбедува целосна искуство при менаџирање на возен парк. Иднината на следењето на контејнери при транспорт е дел од планот за раст на EZtoTrack. Системот постојано се надградува со најновите ИТ иновации за да се прилагоди на трендовите на “Industry 4.0” и да ги поддржи барањата на пазарот.

 

За повеќе детали за еден од најсеопфатните и детални програмски системи за менаџирање на возен парк денес, контактирајте го нашиот тим >>

 

ДИСТРИБУТИВНА ИНДУСТРИЈА 2017-2022

Технологии кои влијаат на Дистрибутивната Индустрија

Секоја индустрија е под влијание на различни сегменти на новите иновативни технологии секој ден. Дистрибутерските компании, исто така, се под влијание на моменталната технолошка револуција.

 

Постојат многу работи кои компаниите треба да ги имаат во предвид, за да си обезбедат долгорочен опстанок во текот на “паметната” технолошка револуција, како што се беспилотни летала, автономни автомобили, роботика, 3-D печатење и технолошки модни додатоци. Една нова студија од Универзитетот во Тенеси, при Институтот за Светски Синџир на Дистрибуции од Ноксвил ги идентификува овие пет технологии како клуч за успех на компаниите.

Од овие технологии, експертите сметаат дека роботиката ќе биде најголемиот потенцијален фактор во текот на следните пет години. Беспилотните летала – Дронови, од друга страна, пак, се технологија во развој. Тие се уште се издигаат, за да го покажат целосно својот потенцијал, не само во следење на роба во складиштата или управување со безбедноста на контејнерите, како што го прават тоа сега. Технолошките модни додатоци, како што се паметните очила, исто така се применува во магацинското работење, помагајќи им на работниците во сортирање, пакување, како и идентификување на опасности или најкраткиот пат до бараната стока. Автономните возила значително ќе влијаат на трошоците за транспорт, се со цел компаниите да ги намалат своите трошоци и да го подобрат управувањето со времето на нивниот возен парк. И последно, 3-D печатењето се идентификува како потенцијален фактор кој може целосно да го елиминира синџирот на снабдување – дистрибуции и логистика, ако се развие до степен на намалување на трошоците и проширување на палетата употребливи материјали.

Autonomni kamioni-брансис самостојни возила автономни камиони Роденденска акција Брансис-Autonomous trucks

Но, компаниите мора да запаметат дека сите овие технологии се целосно поврзани со иновациите како што се Big Data” и “IoT”. Поврзувањето со дигитален и програмски интерфејс е задолжително за развој на вистински технолошки откритија.

 

HARDWARE

Температурни сонди

Една од побитните дополнителни опции, кои ги нуди EZtoTrack решението за следење и менаџирање на флота возила, е вградување на сонди за температура во возилата.

Зависно од потребите на корисникот, може да се монтираат од 1 до 3 сонди за температура по возило. Истите се поставуваат во различни точки на возилото, пример во внатрешноста и до самата врата. Со секое отворање и затворање при истовар постои одредена температурна разлика во возилото која може да влијае на квалитетот на производите.

mali vozni park-Upravljanje voznim parkom-мала флота возила-INDUSTRY 4.0

Апликацијата нуди можност за генерирање на извештаи со следниве податоци:

  • Основни податоци (моментална температура),
  • Процент на пречекорување на температурниот опсег и процент на одржување на температурата на секој сензор,
  • Температурен график во кој се прикажани мерењата од секоја сонда поединачно во одреден временски интервал.

 

Со достапноста на овие податоци, дистрибутерските компании се целосно заштитени од можни рекламации на производите за несоодветен транспорт. Преку автоматизирани извештаи истите имаат потврда во секое време дека производите кои се осетливи на температура се соодветно транспортирани и не постои ризик од нивно расипување. На овој начин се овозможува елиминирање на дополнителни трошоци за оштетена роба поради температура на чување и транспортирање на истите.

 

Трендови на пазарот 2017

Што читаме овие денови

Трансформирање на Логистиката преку АИ (Artificial Intelligence)

Светските дистрибутивни и логистички синџири почнуваат да се изложуваат на фундаментални трансформации се повеќе, како што “вештачка интелигенција” се поставува за да се справи со домашните и меѓународните движења на стоките истовремено…

 

Прочитај повеќе >>

mali vozni park-мала флота возила-INDUSTRY 4.0-Upravljanje voznim parkom

Следете ги сите новости и трендови на вашиот емаил:

Бул. 11ти Октомври бр. 25,
Спрат 2 (во зградата на QBE)
1000 Skopje Macedonia

+389 78 375 657
+389 71 222 285

sales@bransys.com