КАКО ДА ГО УНАПРЕДИТЕ ВАШИОТ БИЗНИС

NEWSletter

СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЈУЛИ 2017

БЕСПЛАТНА КОНСУЛТАЦИЈА КАКО ДА ГО УНАПРЕДИТЕ ВАШИОТ БИЗНИС

Секоја компанија има свој начин на управување на бизнисот. Не сите компании имаат исти проблеми, потреби, исти решенија и услуги што ги обезбедуваат на своите клиенти. Но, на крајот, сè што е важно е нивните клиенти да бидат задоволни од нивната услуга и производи.

 

Врз основа на компаниската култура, оперативните активности, тимот, возниот парк и некои други фактори, нашиот тим прави целосна анализа за да им обезбедиме на компаниите конкретно решение кое може да го олесни нивното работење, да го подобри нивниот бизнис и најважно од се, да го зголеми нивото на задоволство на нивните клиенти.

IMPROVE YOUR BUSINESS-KAKO DA UNAPREDITE VAŠ BIZNIS-КАКО ДА ГО УНАПРЕДИТЕ ВАШИОТ БИЗНИС

Овој месец, Брансис Тимот нуди БЕСПЛАТНА 1-часовна консултации за сите заинтересирани компании, за тоа како да го подобрат својот бизнис и да се позиционираат како лидери на пазарот.

 

Ова е временски ограничена понуда, па затоа не заборавајте да го резервирате вашето место денес!

 

ВАЖНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ

ЕВОЛУЦИЈА НА ВОЗИЛАТА

Првиот вистински технолошки скок во еволуцијата на возилата, дојде во 1911 година, кога автомобилски компании почнаа да инсталираат електрични стартери во возилата. Запалката за прв пат се појави на пазарот во 1925 година, а радиото во 1930 година. Серво управувачот беше претставен во 1956 година, касетофонот во 1965 година, касетата во 1970 година, па воздушните перничиња во 1984 година.

Но, вистинските предности за возачите подоцна дојдоа. CD плеерите почнаа да се појавуваат во возилата во 1985 година, проследено со  таблата за компјутерска дијагностика во 1994 година и GPS системите за навигација во 1995 година. Потоа, во 2000-тите години, возилата почнаа да ги опремуваат со USB порти и Bluetooth конекција. Во последните неколку години, поврзаните возила се зголемуваат благодарение на IoT.

 

Денес, автомобилските компании користат податоци од системите активни во возилата за да ги анализираат нивните перформанси и да добијат вредни податоци за тоа како возачите ги користат нивните возила.

Системите за управување со флота возила обезбедуваат податоци кои се од голема важност за процесот на развој на софтвер за автономни возила. Податоците генерирани од овие системи ќе станат особено важни во транспортот и логистиката во наредните неколку години, особено кога бројот на автономни возила кои сообраќајат на патиштата ќе се зголеми.

IMPROVE YOUR BUSINESS-KAKO DA UNAPREDITE VAŠ BIZNIS-КАКО ДА ГО УНАПРЕДИТЕ ВАШИОТ БИЗНИС

Во блиска иднина, сите ние можеме да очекуваме да го видиме целиот конектиран систем на возила како станува “паметен”. Со повеќе податоци генерирани со текот на годините, софтверските системи ќе бидат пософистицирани од било кога. Можеме да очекуваме од возилата да предвидат доколку некој дел има потенцијал да се расипе и да предложат поволни термини за интервенција на механичар, каде што новиот дел ќе биде веќе подготвена за инсталација. Сето ова ќе ги направи флотите поекономични и ќе обезбедат поголема продуктивност на работењето.

 

ОПРЕМА БЕЗ ЕЛЕКТРИЧЕН ИЗВОР

СЛЕДЕЊЕ КОНТЕЈНЕРИ, КАБИНИ И МОБИЛНИ ТОАЛЕТИ

Мобилната опрема како мобилни тоалети, складишни контејнери и контејнери за отпадоци, претставуваат значителна капитална инвестиција за транспортните компании за мобилна опрема. Доколку користите мануелен систем за пријава/одјава, знаете колку време е потребно и колкава е склоноста кон грешки. Вработените можат да заборават да внесат важни информации како сериски броеви, локација и доставена количина. Ова предизвикува опремата лесно да се заборави и/или изгуби. И најважно, доколку ги изнајмувате овие контејнери, вие би можеле да наплаќате помалку од потребното на вашите клиенти поради погрешниот внес на податоци.

 

EZtoTrack е софтвер за следење на контејнери, кој користи “RFID” за следење, управување и изнајмување на контејнери. Истиот обезбедува контрола врз вашите контејнери и поголема прегледност во вашите операции. Ова решение помага:

  • Да ја знаете локацијата на контејнерите и колку време истите се таму,
  • Автоматизирање и поедноставување на пресметките за кирија ,
  • Зголемување на приходите поради избегнување на ситуации кога вашите контејнери стојат неупотребени на локации кај киенти,
  • Елиминирање на печатени документи за испорака и евиденција со електронски потписи како потврда за испорака,
  • Купување помалку нови контејнери поради поефикасно распоредување на постојната опрема.
IMPROVE YOUR BUSINESS-KAKO DA UNAPREDITE VAŠ BIZNIS-КАКО ДА ГО УНАПРЕДИТЕ ВАШИОТ БИЗНИС

Ние ви помагаме да ги следите вашите контејнери за да можете да знаете точно каде сте ги оставиле, кој ги има на располагање и кој ден од неделата треба да ги земете. Сега можете да ја искористите моќта на EZtoTrack системот за брзо и лесно да управувате со вашите контејнери, подвижни тоалети и друга мобилна опрема!

 

HARDWARE

КОПЧЕ ЗА ПАНИКА

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА НА ВАШИТЕ ДОБРА И ВОЗИЛА

Покрај следење во живо и генерирање на извештаи, GPS системот може да прикаже и различни сигнали од други уреди во возилото. Тие уреди можат да бидат инсталирани дополнително на GPS уредот, со цел да се подобри функционалноста на флотата возила.

IMPROVE YOUR BUSINESS-KAKO DA UNAPREDITE VAŠ BIZNIS-КАКО ДА ГО УНАПРЕДИТЕ ВАШИОТ БИЗНИС

СИГНАЛИ ЗА ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ ВО ВАШИОТ ВОЗЕН ПАРК

 

EZtoTrack системот може да прикаже различни сигнали испратени до GPS уредот во апликацијата, како:

  • Активирање на аларм при безбедносни ситуации,
  • Аларм за опасна ситуација до мониторинг центарот – копче за ПАНИКА инсталирано со GPS уредот,
  • Приказ на затворена врата и/или заклучена од безбедносни причини и др.

 

Ова решение Ви обезбедува целосен преглед на сите состојби и промени, со што ја зголемувате безбедноста во Вашиот возен парк. Овој систем, ги опфаќа сите типови на возила, вклучувајќи и комерцијални возила и безбедносни пратки. Токму тоа, е она што го прави EZtoTrack системот соодветен за следење на транспорт на осетливи и вредни добра, брза интервенција на компании за безбедност и заштита, целосна евиденција за приложување на осигурителни компании во случај на потреба и сл.

 

Трендови на пазарот 2017

Што читаме овие денови

14 работи кои треба да ги знаете пред “ELD” Законот да стапи во сила

 

Потребно е време за да изберете систем кој е соодветен за вашата флота на возила, да развиете неопходна култура за работа во соодветниот систем, да ги обучите сите за тоа како да го користат системот и да го користат уредно…

Прочитајте повеќе >>

IMPROVE YOUR BUSINESS-KAKO DA UNAPREDITE VAŠ BIZNIS-КАКО ДА ГО УНАПРЕДИТЕ ВАШИОТ БИЗНИС

Следете ги сите новости и трендови на вашиот емаил:

Бул. 11ти Октомври бр. 25,
Спрат 2 (во QBE зградата)
1000 Skopje Macedonia

+389 78 375 657
+389 71 222 285

sales@bransys.com