BLACK FRIDAY & CYBER MONDAY

Новости

BLACK FRIDAY & CYBER MONDAY

ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА  BLACK FRIDAY & CYBER MONDAY АКЦИИ?

AKCIJU-акции-Black-friday-gps-tracking-fleet-management-good-deal-discount

50% попуст на месечна претплата за ГПС следење на Вашиот возен парк! Уште само 4 дена до крајот на акцијата. По повод Black Friday и Cyber Monday сега имате можност да ја искористите најдобрата зделка за ГПС следење на Вашиот возен парк.

 

50% попуст

Единствена можност да добиете 50% попуст на месечната претплата за систем за следење на Вашите возила е со клик на копчето – Искористи попуст. Секој договор потпишан најдоцна до 27.11.2017 има можност да ја искористи оваа единствена прилика и да добие 50% попуст на месечната претплата за EZtoTrack.

 

За повеќе информации за специјалната акција контактирајте го нашиот тим на +389 71 222 285.

 

СОВЕТИ ЗА ВОЗАЧИТЕ

ДЕТАЛИ КОИ ПРАВАТ ГОЛЕМА РАЗЛИКА ЗА ТРАНСПОРТНИТЕ КОМПАНИИ

Намалувањето на трошоците за гориво е задача на која сите менаџери на возен парк наидуваат за време на целата своја кариера во транспортната индустрија. Менаџерите на возен парк може да ги намалат трошоците за гориво со фокусирање на различни клучни сегменти:

  • Модифицирање на активностите на флотата;
  • Фокус на однесувањето на возачите;
  • Развивање на стратегии за управување со горивото и одржување на возилата.
AKCIJU-акции-BLACK FRIDAY-Fleet-mаnagement-Bransys-EZtoTrack

Неколку совети за возачите, кои можат да се користат како дел од програма за едукација на возачите за минимизирање на потрошувачката на гориво:

 

  1. Не возете во сообраќаен метеж – Следете го сообраќајот однапред. Со внимавањето на претстојните сообраќајни услови, возачите може да очекуваат дека треба да се намали брзината. Поефикасно е да се задржи камионот во поспоро движење отколку да се почне од почеток. Тоа истовремено го намалува бројот на промени во брзината.
  2. Избегнувајте преполнување на резервоарот – Ако резервоарот е наполнет до крај, тој лесно може да прелева кога ќе се загрее горивото, било од сонце или од гориво што го враќа моторот. Ова не само што е опасно за другите учесници во сообраќајот, туку е и непотребно.
  3. Внимавајте на гумите – Нискиот притисок во гумите може да го зголеми отпорот и потрошувачката на гориво. Гуми со оптимален притисок се од суштинско значење за безбедно функционирање и подобрување на економичноста на горивото. Сумирано, ќе користите помалку гориво ако го одржувате вашето возило соодветно, а тоа вклучува и следење на гумите.
  4. Бидете подготвени за лесно тргнување во утринските часови – ако застанете во текот на ноќта, паркирајте го вашиот камион, така што нема да морате да правите многу маневри наутро со ладен мотор, што може многу да влијае на потрошувачката на гориво.
  5. Избегнувајте непотребно стоење во место со вклучен мотор – При работа во место на моторот, не само што истиот троши гориво, туку и ја зголемува емисијата на штетни гасови. Исклучувањето на моторот кога не е во употреба, или кога сте заглавени во сообраќајот на една минута или подолго, ќе предизвика помалку загадување. А дополнително и ќе заштеди повеќе гориво отколку да го задржите моторот во мирување.

 

Деталите навистина можат да направат огромна разлика за возачите, менаџерите на флота возила и индустријата во целина, да можат да работат попаметно и поефикасно.

 

ПРИДОБИВКИ

ЗОШТО ЗА КОМПАНИИТЕ Е ДОБРО ДА КОРИСТАТ РЕШЕНИЈА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ВОЗНИОТ ПАРК

AKCIJU-акции-Black-friday-РАБОТНА ПОЗИЦИЈА ВОЗАЧ-drive change-AUTONOMNI KAMIONI VS. VOZAČI

Постојат многу причини зошто компаниите треба или не треба да усвојат решение за управување со флотата возила. Но, едно е сигурно – целта е секогаш подобрување на продуктивноста. Значи, постигнувањето на оваа цел може да биде многу едноставно, ако компанијата ги користи сите придобивки што ги нуди еден софтверот за управување со возниот парк, како што се:

 

  1. Видливост на флота во реално време

Пристапете до вашата флота во секое време од било кој десктоп или мобилен уред.

  1. Набљудување на активноста на флотата

Зголемето го векот на траење на Вашето возило и искористете ги податоците за да одредите оптимална големина на флота.

  1. Истражување трендови и следење на ефикасност

Искористете го GPS следењето за полесно да ги идентификувате и да ги следите клучните индикатори за ефикасност кои се најважни за вашиот бизнис.

  1. Подобрување на безбедноста на возилото и возачот

Следење и развој на сообраќајната култура, копчиња за паника и редовно одржување на возилата.

  1. Намалување на трошоците за гориво, персонал и други трошоци

Контролирајте го работното време, брзина на движење, неовластена употреба, реални работни часови наспроти бараните часови и бидете во тек со одржувањето.

  1. Зголемен пристап

Дозволете вашиот менаџерски тим да добие мобилна интелигенција и да го контролира она до што има пристап.

 

ТРЕНДОВИ НА ПАЗАРОТ 2017

ШТО ЧИТАМЕ ОВИЕ ДЕНОВИ

Статистиките се менуваат: Резултат од протестите за “ЕЛД” Мандатот?
“Првичните податоци укажуваат на тоа дека затворањето на компаниите не влијаеше многу DAT”, рече Харпер на крајот од минатата недела, најмногу за неколку процентни поени… Прочитајте повеќе

AKCIJU-акции-BLACK FRIDAY-hos-dot-eld

 

Следете ги сите новости и трендови на вашиот емаил:

Бул. 11ти Октомври бр. 25,
Спрат 2 (во QBE зградата)
1000 Skopje Macedonia

+389 78 375 657
+389 71 222 285

sales@bransys.com