автономни камиони

Новости

ТРЕНДОВИ ВО КАМИОНСКАТА ИНДУСТРИЈА

ТРИ ТЕХНОЛОШКИ ТРЕНДОВИ ВО КАМИОНСКАТА ИНДУСТРИЈА

Со текот на годините, промените се единствената константна работа што можеме да ја очекуваме. Дури и во бизнисот, ништо повеќе не е очекувано како промените. Исто така, кога станува збор за камионската индустрија, постојано се појавуваат нови промени, како што се: промени во трошоците за гориво, зголемени прописи, недостиг на возачи итн. Овие прашања дефинитивно имаат големо влијание врз приходите во индустријата. Но сепак, тие не се технички попречувачки.

 

Денес, три различни трендови влијаат на оваа индустрија – телематика, испорака на рака и автономни камиони. Но, безразлика дали компаниите ги прифаќаат овие промени или не, борбата против истите е залудна. Иднината е сега.

POTPUNO AUTONOMNI KAMIONI-автономни камиони

1. Телематика

Технологијата за управување со флота возила им овозможува на возилата да испраќаат, примаат и зачувуваат информации поврзани со тоа возило преку телекомуникациски уреди. Оваа технологија дава целосна видливост во движењето на вашето возило (локација, време на задржување во одредена точка, проблеми со опремата и сл.). И, ги обезбедува потребните податоци за оптимизирање на активностите на вашата флота.
Менаџерите на флота возила кои се занимаваат со овој проблем, треба да гледаат на телематиката како нешто повеќе од само начин како да се усогласат со новите и потенцијалните законски регулативи. Податоците обезбедени со овој систем, даваат информации кои можат да се користат за да се направат повеќе стратешки одлуки за работењето на флотата возила и перформансите. Сепак генерално гледано, позитивното влијание на телематиката врз бизнисот е најважно за компаниите.

 

2. Испорака на рака

Денес бизнисите се обидуваат да најдат повеќе традиционални начини како да ги доближат своите производи на потрошувачите побрзо и со помалку трошоци. Покрај овие традиционални начини, постојат нови опција како што е на пример принципот на “Вол-Март” вработените да ги испорачуваат производите нарачани преку интернет на клиентите кои им се по пат кон дома, или иницијатива за доставување со дронови на Амазон.
Поголемата близина до клиентот значи побрза испорака, а тоа го прави клиентот среќен. Тоа исто така значи заштеда на време и гориво, намалени шанси за доцнење при испорака поради временските прилики или сообраќајот, како и низа други околности кои можат да ја влошат испораката на долг рок.
Но, сепак, превозниците секогаш треба да направат своја анализа за да одлучат што најдобро функционира за нивниот тип на бизнис.

 

3. Автономни камиони

И покрај многуте изјави, автономните камиони нема да бидат камиони без возач, барем не на почетокот. Сеуште ќе треба некој, бар во блиска иднина, да гарантира дека може да се решат непредвидени ситуации. Затоа, не чекајте автономните камиони да ја користат денешната технологија за безбедност. Почнувајќи од помош при паркирање, и предупредувања за промена на лента, до технологијата што е во состојба да го следи здравјето на возачот, технологијата која ќе обезбеди поголема безбедност и ќе го намали ризикот е достапна сега.
На крај, направете анализа на трошоците и придобивките и ќе ја утврдите стапката на исплатливост за инсталирање на таква технологија во вашиот бизнис.

 

СТАТИСТИКА

ВОЗЕЊЕ ВО ЦЕЛОСНО АВТОНОМНО ВОЗИЛО – 55% КАЖАА НЕ!

Гартнер очекува пуштање на повеќе автономни возила на пазарот до 2020 година. Но, целосното влијание врз општеството и економијата не се очекува пред 2025 година. Прифаќањето од страна на потрошувачите и општеството е клучен двигател во усвојувањето на автономни возила.

 

Прифаќање на автономните возила од страна на потрошувачите

Гартнер онлајн анкетата за Потрошувачките трендови во Автомобилиската индустрија беше спроведена во периодот од 04.2017 до 05.2017 год. Анкетирани биле 1.519 лица во САД и Германија. Со истата, утврдиле дека 55% од испитаниците не ни земаат во предвид да се возат во целосно автономно возило, додека 71% може да се возат во делумно автономно возило. Загриженоста околу неуспесите во технологијата и безбедноста се клучните причини зошто многу потрошувачи се претпазливи кога станува збор за целосно автономни возила.
“Стравот од автономните возила што се збунети од неочекувани/непредвидени ситуации за системот, загриженоста за безбедноста околу опремата и падови на системот, како и безбедноста на возилото и системот, се главните грижи околу користењето на целосно автономни возила”, изјави Мајк Рамси, директор на истражување во Гартнер.
Испитаниците се согласија дека целосно автономните возила нудат многу предности, како што е подобрена искористеност на горивото, намален број на сообраќајни незгоди и помала сериозност на несреќите.

 

Развој и влијание на индустријата за автономни возила врз безбедноста при возење и квалитетот на живот

Многу компании во моментов развиваат различни технологии потребни за да им овозможат на возилата да ја детектираат и да ја разберат нивната околина.
“Автомобилската индустрија инвестира во нови технологии за безбедност и подобност со интензитет каков што немаме видено од времето на создавањето на автомобилот. Искуството за поседување и управување со свое возило драматично ќе се разликува за 10 години “, изјави г-дин Ремзи.

 

 

Дали вашиот бизнис е подготвен за иднината на камионската индустрија?

Споделете го вашето мислење за прифаќањето на автономните камиони и управувањето со само-возечка флота возила.

Create your survey with SurveyMonkey

 

ДИСТРИБУЦИЈА

ИДНИНАТА НА ДИСТРИБУЦИЈАТА ВО СВЕТСКИ РАМКИ

Дигиталната ера ги принудува компаниите да се прилагодат и да прифатат поагилни начини на работа. Два тренда мементално ги принудуваат заинтересираните страни во управувањето со дистрибуциите да ги преиспитаат своите стратегии. Исто така, и да интегрираат разни дигитални иновации во нивните секојдневни операции.

 

Обликување начинот на дистрибуција

Податоците очигледно се новата нафта. Тие се пренесуваат низ секој тип на бизнис со многу брзо темпо. Овие податоци доаѓаат од “паметни” уреди, социјални медиуми, онлајн интерфејси и многу други дигитализирани канали.

POTPUNO AUTONOMNI KAMIONI-SELFDRIVING TRUCKS-автономни камиони

За менаџерите на дистрибуција, транспорт и логистиката, аналитичарите веќе презентираат голем број на “паметни” апликации. Најважно е да се најдат ефикасни начини на интегрирање и користење на таквите апликации. Тие вклучуваат оптимизација на рутите во реално време, зголемена видливост, побрзо реагирање на предизвиците на пазарот, и следење на податоци за производот за подобро да се разбере однесувањето на купувачите и барањата за поддршка.

 

Прифаќање на онлајн пазари

Вториот поголем дигитален тренд кој ќе влијае на дистрибуциите е дигитализацијата на пазарите. Платформите базирани на мобилни и онлајн пазари ќе ја нарушат статус кво состојбата во логистиката.

Овој тренд ќе ги поврзе продавачите, купувачите, шпедитерите, финансиските институции и многу други, директно, преку отворена, онлајн платформа.

 

Со дигиталните податоци и појава на онлајн платформи за подобро искористување на ресурсите во дистрибуциите, наскоро ќе биде многу јасно кој ќе доминира на пазарите. Оние кои ја имаат визијата, посветеноста и вештините за искористување на тековната дигитална трансформација ќе бидат оние кои ќе успеат на пазарот.

 

СОФТВЕР

ИЗВЕШТАИ ОД СИСТЕМОТ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ВОЗИЛА

EZtoTrack системот за GPS следење и менаџирање на флота возила располага со бројни извештаи. Сите податоци генерирани во самите извештаи овозможуваат детална анализа на начинот на работење на возниот парк и унапредување на ефикасноста и продуктивноста на истиот.

 

Извештаите во системот се прикажуваат во вид на симулација на географска карта или во табеларна форма дополнета со графички прикази. Основниот извештај за историја на движење на возилата (симулација на движење) дава податоци за: позиција на возилата, брзина на движење, состојба на сензори, време и датум, статус на мотор, географска ширина (Latitude) и должина (Longitude) и правец на движење на возилата.

 

Дополнително системот опфаќа и извештаи за километража, за статуси и состојби, како и за ефективност на работни саати кај специјални возила. Извештаите за километража, подетално опфаќаат вкупна километража, вкупно време на стоење, вкупно време на возење, просечна брзина и сл.

POTPUNO AUTONOMNI KAMIONI-SELFDRIVING TRUCKS-автономни камиони

Сумирано, со EZtoTrack системот можат да се изработат извештаи за:

  • Почеток и крај на движење,
  • Време на задржување при посета на предефинирани објекти,
  • Изминати километри,
  • Алармирање на прекршени правила,
  • Максимална и минимална брзина,
  • Состојба на вградени сензори и др.

Се со цел да се задоволат потребите и барањата на корисниците на системот, секогаш е отворена опцијата за развој на нови извештаи како надополнување на системот.

 

 

Подготвени сте да го унапредите Вашиот бизнис со EZtoTrack системот за GPS СЛЕДЕЊЕ? Нашиот тим ќе Ви помогне да дознаете како.

 

ТРЕНДОВИ НА ПАЗАРОТ 2017

Што читаме овие денови

Импликациите на дистрибуциите од поплавите во Хјустон

 

Поплавата е речиси библиска по обем. Што може компаниите да направат за да се подготват за таква непогода?

Всушност, многу.

 

Гледајќи на позитивната страна, ако може да се каже дека овој настан има позитивна страна, е тоа што временската непогода беше предвидена. Компаниите можеа да видат што ги очекува неколку дена однапред. Прочитајте повеќе.

POTPUNO AUTONOMNI KAMIONI-SELFDRIVING TRUCKS-автономни камиони

 

Следете ги сите новости и трендови на вашиот емаил:

Бул. 11ти Октомври бр. 25,
Спрат 2 (во QBE зградата)
1000 Skopje Macedonia

+389 78 375 657
+389 71 222 285

sales@bransys.com