Важноста на логистичката ефикасност

Новости

ТРАНСПОРТ

ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ЕФИКАСНО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ГОРИВОТО

Што и да прочитаме  овие денови, е поврзано со автономни камиони, камиони на електричен погон, поврзан ланец на камиони и други технолошки иновации. Постојат многу нови технологии кои се сметаат за “следната револуционерна иновација” во транспортот.

 

Веќе сме сведоци на значителни технолошки достигнувања и ефикасност при искористување на горивото со тестирањето на автономните возила и поврзаниот ланец на камиони (Поврзан ланец на камиони – стратегија за возење со дигитално приврзани камиони кои патуваат во единствена група за да се намали застојот). Но, очекувајќи ја “предвидената” блиска иднина, за комерцијализација на овие технологии, ние не треба да заборавиме на веќе достапните технологии за ефикасно искористување на транспортот. Постојат одлични начини да се подобри искористеноста на горивото, што сепак е далеку од ефектот на очекуваните иновации.

VAŽNOST LOGISTIČKE EFIKASNOSTI U DISTRIBUCIJI PIĆA-логистичката ефикасност-DOT COMPLIANCE

Чекајќи на нова технологија за подобрување на ефикасноста на горивото, флотите трошат многу повеќе пари на гориво отколку што би трошеле ако се фокусираат на веќе достапните стратегии за зголемена ефикасност. Без оглед на предизвикот на една флота возила, секогаш постои некое решение или комбинација на решенија кои можат да помогнат. Софтверот за управување со возен парк, може да им обезбеди на компаниите во управувањето со трошоците, со што тие можат да ги намалат трошоците на флотата веднаш.

 

Но, транспортната индустрија треба да има во предвид дека не постои една магична комбинација на технологии кои ќе работат секој пат, за секоја флота, во секоја ситуација. Доколку индустријата чека сите нови и модерни технологии да станат широко достапни, истата ќе останат заглавена со флота која не е ефективна. Што може да значи неефикасна искористеност на горивото и недоследност во одржувањето и сервисите, наместо раст и развој на бизнисот.

 

ИДНИНАТА НА БЕНЗИНСКИТЕ ПУМПИ

БЕНЗИНСКИ ПУМПИ Vs. СТАНИЦИ ЗА ПОЛНЕЊЕ ЕЛЕКТРИЧНИ БАТЕРИИ НА ВОЗИЛА

Има многу пречки на патот кон масовно прифаќање на електричните автомобили. А една од најголемите е инфраструктурата. Во земји каде што има бензинска пумпа на секој агол, наоѓање на полнач за автомобили што е функционален и е отворен за употреба може да биде многу тешко. Оваа мрежа на полначи се развива од ден на ден, но сеуште е тешко да се споредува со нафтените станици.

 

Досега се поставени над 39.000 места за полнење во гаражи, паркинзи, станови и на други локации. Неколку стотици од нив се способни за т.н. “DC” експресно полнење, што може да обезбеди полнење за 200 милји, за еден час, а ветува и многу побрзи полнења доколку автомобилните батерии се усовршат. Практично, возачите можат да ги наполнат своите електрични возила за време на ручек/кафе пауза или додека се паркирани.

VAŽNOST LOGISTIČKE EFIKASNOSTI U DISTRIBUCIJI PIĆA-логистичката ефикасност-DOT COMPLIANCE

Очигледно копирањето на моделот на бензински пумпи би било погрешно. Тој модел е артефакт на избор на точење гориво што се користи во последните 100 години. Додека електричните возила се усовршуваат за со едно полнење да можат да бидат активни подолго време, возачите веќе ќе можат да ги наполнат своите возила дома или на работа. Што значи дека ова ќе ја минимизира потребата за попатни станици. Веројатно единствено ќе бидат потребни оние станици долж автопатиштата.

 

САД – “ELD” МАНДАТ

ПОВЕЌЕ ОД МИЛИОН ВОЗАЧИ ТРЕБА ДА ЈА ПРИМЕНАТ НОВАТА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА ДО 18ТИ ДЕКЕМВРИ

Според Американското здружение за транспорт, во САД има 3,5 милиони возачи на камиони. За помалку од 9 недели додека да стапи на сила “ELD” мандатот, над 1 милион возачи на камиони допрва треба да се усогласат со новата регулатива.

 

Многу од приватните флоти и сопствениците-возачи на камиони се уште не располагаат со ELD уред. Што значи дека пазарот ќе биде прилично активен во текот на следните два месеци, до крајниот рок.

 

И покрај тоа што мандатот започнува на 18 декември, возачите на камиони нема веднаш да добијат забрани за возење ако не се придржуваат до крајниот рок. Алијансата За Комерцијални Возила И Безбедност и Федералната Администрација За Безбедност На Автомобилски Превозници, воспоставија грејс период до 1 април. Но, тоа не значи дека возачите кои нема да ги почитуваат правилата почнувајќи од 18 декември, нема да се соочат со парични казни или да добијат казнени поени од ФАБАП или “CSA”- програма за оценување на моторните превозници.

 

Оние кои се уште немаат обезбедено вакво решение, ќе се соочат со избор од повеќе од 100 “FMCSA” подобни уреди. Дополнително, за време на празничната треска, компаниите, ќе мора и да научат како да ги користат “ELD” уредите и програмите кои ќе ги изберат.

VAŽNOST LOGISTIČKE EFIKASNOSTI U DISTRIBUCIJI PIĆA-логистичката ефикасност-DOT COMPLIANCE

Многу “ELD” провајдери се обидуваат да обезбедат доволно уреди на лагер за да се справат со продажбата која се очекува од средината на ноември до крајот на декември.

 

Доколку вашата флота не е “ELD” компатибилна, сега е најдоброто време за да се одлучите за “IoT” решението – Good Deal GPS – кое може да Ве води низ “ELD” правилата, “IFTA” регулативата и системот за управување со трошоците на вашата флота возила.

 

СОФТВЕР

ВАЖНОСТА НА ЛОГИСТИЧКАТА ЕФИКАСНОСТ ВО ДИСТРИБУЦИЈАТА

Имајќи предвид дека испораката на стоки е еден од најважните фактори во дистрибуцијата, флотата возила е клучна компонента за овој тип на бизнис.

POTPUNO AUTONOMNI KAMIONI-SELFDRIVING TRUCKS-автономни камиони

EZtoTrack може да им помогне на компаниите брзо и ефикасно да ги испорачаат своите стоки, во договорен период. Исто така и да им помогне во менаџирањето на нивниот возен парк преку:

  • Следење на возилата во реално време,
  • Геолокација (аларми ако возилото оди надвор од границата на дефиниран регион),
  • Следење на извештаите поврзани со посети на важни објекти и должина на задржување во клучни точки од рутата,
  • Следење на активноста на возилото на одредени точки – локации и сл.

Нашето решение ја доби довербата на многу клиенти и придонесе за подобрување и унапредување на нивниот бизнис.

 

 

Дозволете ни да ви помогнеме да го зголемите задоволството на Вашите клиенти од Вашите услуги. Контактирајте не денес на sales@bransys.com.

 

ТРЕНДОВИ НА ПАЗАРОТ 2017

Што читаме овие денови

Комерцијални возила – Успешноста во регионот зависи од прифаќањето на иновациите

 

Произведувачите на камиони ќе мораат да направат големи структурни промени и да се фокусираат на иновациите доколку сакаат да пораснат и да остварат поголеми профити… Прочитајте повеќе.

VAŽNOST LOGISTIČKE EFIKASNOSTI U DISTRIBUCIJI PIĆA-логистичката ефикасност-DOT COMPLIANCE

 

Следете ги сите новости и трендови на вашиот емаил:

Бул. 11ти Октомври бр. 25,
Спрат 2 (во QBE зградата)
1000 Skopje Macedonia

+389 78 375 657
+389 71 222 285

sales@bransys.com