Newsletter Брансис

NEWSletter

Октомври 2016

Како GPS следењето влијае врз возачите во вашиот возен парк

Многу компании се двоумат дали треба да воведат ГПС систем за следење на нивната флота возила или не. Најчеста причина зошто компаниите се двоумат во однос на тоа прашање е стравот од ефектот на решението врз возачите на возниот парк. Првото нешто што поминува низ умот на секое одговорно лице во врска со ова прашање е “моите возачи нема да биде среќни поради ова”. А тоа е само затоа што тие се фокусираат на стравот од неморалноста на своите вработени.

 

Всушност, воведувањето на ГПС систем за следење флота возила е одличен начин да се наградат најдобрите возачи, а истовремено да се корегира однесувањето на возачите кои имаат негативни навики или ставови. Затоа, за да ги задржите добрите работници и да ја минимизирате флуктуацијата на вработени, најдобро решение е интеграција на софтвер за следење на возниот парк. EZtoTrack системот, дефинитивно може да биде одличен начин за задржување на најдобрите и најквалитетните, како и за зголемување на продуктивноста на флота.

 

За да бидете сигурни дека еден ГПС систем за следење ќе има позитивно влијание врз вашите возачи и, исто така, да им помогне на возачите да ја прифатат промената побрзо и полесно, важно е да ги следите овие пет клучни чекори:

 

  1. Бидете искрени за системот – Направете најлесно што може, за возачите, да ја разберат целосно промената. Објаснете им како функционира системот на GPS следење и бидете искрени.
  2. Секогаш користете примери – Помогнете им да сфатат дека нивната прва реакција се базира на претпоставките, а не на факти. Искористење некои добри примери на други клиенти на вашиот софтвер провајдер EZtoTrack, да им помогнете да добиат соодветна претстава.
  3. Што тие би добиле – Разграничете ги интересите на вашите возачите со оние на компанијата кога станува збор за нови политики, и објаснете им како сите добиваат со имплементација на GPS систем за следење. Ова исто така ќе го подобри моралот на возачите.
  4. Задоволете ги вашите и нивните интереси истовремено – Направете бура од идеи како да ги задоволите нивните интереси и оние на компанијата. На пример, може да понудите стимулации за добро возење и да добиете подобри резултати на крајот од месецот.
  5. Бидете флексибилни – Побарајте заемно прифатливи решенија. Флексибилност на двете страни, на крајот на месецот може да значи подобри резултати и зголемена продуктивност, а подобрувањето на безбедноста може да значи и општествена одговорност и поттик за возачите.
truckdriver_employees_benefits_bransys_eztotrack_gps_следење_софтвер_gps_следење_возила_следење_на_Вашите_возила_менаџирање_на_флота

На крај, не заборавајте дека еден ГПС систем за следење може да им помогне на сите да станат подобри во нивните работни активности. Колку подобри станувате, толку повеќе заработувате! И колку е подобра компанијата, толку подобро би им било на сите.

 

Октомври 2016

Claxi прогласен за добитник на WITSA награда за ИКТ мобилно решение на Светскиот ИТ Конгрес 2016 во Бразил

На 4 октомври 2016 година, Claxi – мобилната апликација за добивање на оптимални такси понуда, беше наградена со престижната “Merit Award” (награда за решение кое се издвојува од останатите) за особен придонес на глобалните ИКТ Награди, на овогодинешната Гала церемонија на Светскиот конгрес на ИТ – СКИТ 2016 во Бразилија, Бразил.

 

На секои две години, WITSA глобалните ИКТ Награди, доделуваат признание на избрани организации чија употреба на ИТ презентира исклучителни достигнувања. Оваа година, помеѓу другите ИТ компании од различни земји од целиот свет, Bransys се истакна како добитник на наградата “Merit Award” со својот исклучителен проект – Claxi. Claxi најпрво беше избран како победник на МАСИТ ИКТ Наградите за 2016 година, по што, МАСИТ, како еден од 82-те членки на Светската алијанса за информатичка технологија и услуги (WITSA) го номинираше Claxi на Интернационалните ИКТ награди.

 

Претседателот на WITSA Г-н Сантиаго Гутиерез, импресиониран од кандидатите од целиот свет на WITSA глобалните ИКТ Награди 2016, им честиташе на Брансис за наградата за Клакси, за решение кое се издвојува од останатите.

 

witsa_merit_award_winner_2016_claxi_app

Г-дин Бранко Трајковски – основач на Клакси, исто така, додаде дека наградата е всушност постигнување на тимот бидејќи сите тие се заслужни за ова достигнување. “Горди сме да добиете уште една признание оваа година, прво како национални шампиони на Европските бизнис награди, а сега и како добитници на награда за решение кое се истакнува од останатите на Светскиот конгрес за ИТ. Ова е доказ за нас дека ние навистина се позициониравме како лидери и врвни иноватори во современиот општествен живот.”

 

Наградите целат кон тоа да се идентификуваат најистакнатите корисници на информатичката и комуникациска технологија. Одржувајќи се на секои две години, СКИТ е посетен од страна на стотици претставници на локалните и меѓународните медиуми, како и околу 2.500 високо рангирани делегати од целиот свет. WITSA претставува здружение на ИТ индустријата во повеќе од 80 земји и економии.

 

Октомври 2016

Bransys со признание од најголемиот бизнис натпревар во Европа

Компанијата Bransys e Национален шампион од Македонија на Европските бизнис награди 2016/2017. Најголемиот бизнис натпревар во Европа по 10-ти пат ги истакнува бизнис вештините и најдобрите практики во Европската бизнис заедницата. На EБН оваа година учествуваа повеќе од 33.000 бизниси од 34 земји – членки на ЕУ плус Турција, Норвешка, Швајцарија, Србија и Македонија.

 

Компанијата Bransys е избрана во првата фаза на судење од страна на независна комисија, а сега ќе продолжат и во втората фаза, која вклучува видео презентација и јавно гласање.

 

 

Европски Бизнис Награди 2017-bransys-Newsletter Брансис_national_champion_macedonia_europe_business_awards_2016_17_gps_следење_софтвер_gps_следење_возила_следење_на_Вашите_возила_менаџирање_на_флота-ГПС систем за следење-European Business Awards 2017

Бранко Трајковски, основач на Bransys групацијата изјави: “Ние сме многу горди што сме избрани да ја претставуваме Македонија како национален шампион. Европските бизнис награди се јавно признати како пример за најдобрите и најдинамичните бизниси во Европа, и ние сме горди што сме признати на ова ниво издвојувајќи се од останатите. Признанија како оваа награда секогаш имаат позитивно влијание врз нашиот тим и ни даваат енергија и поттик да продолжиме со квалитетната работа.”  Адријан Трип, извршен директор на Европските бизнис награди изјави: “Честитки за Bransys кои се избрани да ја претставуваат својата земја како национални шампиони. Тие се основа за успешна на цврста Европска бизнис заедница, и ги докажаа основните принципи што EBA ги бара од апликантите, иновација, етика и успех.”

 

Во следниот круг националните шампиони ќе се натпреваруваат со видео презентација, раскажувајќи ја нивната уникатна приказна и нивните успеси. Најдобрите во овој круг ќе се борат за наградата Ruban d’Honneur кои ќе бидат прогласени на Гала финалето во 2017 година.

 

Октомври 2016

Што нашите соработници изјавуваат за нас

Во ТНТ, како една од најголемите компании за испорака во светот, флотата на возила е основа за бизнисот.

 

 

tnt_express_bransys_eztotrack_client_fleet-managment

“Согледувајќи ги сите трошоци коишто ги имавме поврзани со возилата и сакајќи да ја зголемиме продуктивноста на нашите вработени, се одлучивме за Bransys fleet management system –от. Софтверот на Брансис и неговите можности ги намали нашите трошоци за гориво и помогна квалитетот на услугата да го одржуваме на високо ниво.

Се надеваме дека во понатамошниот период, нашата соработка ќе се зголемува, а воедно и бенефициите коишто ќе ги добиваме ќе бидат на завидно ниво.”